Градот Мексико го собори рекордот во истовремено бакнување
Страна 1 of 1
Градот Мексико го собори рекордот во истовремено бакнување
Сјудат Мексико во саботата, на Св.Валентин, го соборил светскиот рекорд во бакнежи, со повеќе од 40.000 луѓе кои истовремено се бакнувале на централниот плоштад од мексиканскиот главен град.
Досегашниот рекорд го држел Лондон со 32 000 заљубени.
- На плоштадот Зокало имало 42 225 луѓе, но за жал, сите не учествувале во рекордот. Имало 39 897 учесници, што е доволно Мексико да го преземе новиот рекорд во истовремено бакнување - изјавил пред собраните луѓе претставникот од Гинисовата книга на рекорди Карлос Мартинез.
Градската управа на Мексико за настанот го одбрала слоганот "Besame mucho", според насловот на славната песна која во 1940 ја испеала мексиканската пејачка Консуело Веласкез.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот