Сок од крава
Страна 1 of 1
Сок од крава
Во Индија наскоро ќе се појави напивка од урина на крава, која треба од индискиот пазар да ги избрка пепсито и кока-колата. Подготовката е во завршна фаза. Најавен е како безалкохолен и здрав пијалак.
Зад него стои Одделот за заштита на кравите во Хиндуистичкото нацинално движење (Pashtrija Svajamsevak Sangh - RSS).
Шефот на одделот Ом Пракаш изјавил дека новиот пијалак „гау јал“ или „кравја вода“ во моментов е на лабораториско тестирање и оти до крајот на годинава веројатно ќе го има на пазарот.
- Не грижете се, нема да мириса на урина и ќе биде вкусен. Неговата најголема предност е што се работи за вистински здрав пијалак, ослободен од секакви токсини и нема да биде како газираните сокови, изјавил Пракаш. Тој не соопштил повеќе детали, но кажал дека пијалакот главно ќе се состои од урина на крава помешана со растителни екстракти и оти ќе биде евтин.
Според него, напивката ќе им стане конкуренција на кока-колата и на пепсито. - Ќе им бидеме добра конкуренција, зашто нашиот пијалак е добар за човештвото, а размислуваме и за извоз, рекол Пракаш.
Овој изум е последен обид на RSS да ја исчисти Индија од странско влијание и да го промовира хиндуизмот. Оттаму уверуваат дека урината од крава го намалува ризикот за заболување на црниот дроб и дека штити од рак.
jelena- Пуфла
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1969
Поени : 192
Репутација : 5
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : Into the Wild...
Ден на регистрирање : 2007-08-22
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот