Забава во чест на роденденот на Боб Марли
:: Спорт :: Останати спортови
Страна 1 of 1
Забава во чест на роденденот на Боб Марли
Стандардниот реге-термин во клубот „Кастро“ во Скопје оваа среда ќе биде посветен на големиот Боб Марли. Со оваа забава ќе се одбележи роденденот на реге-мајсторот, кој е роден на 6 февруари 1945 година.
Во чест на Марли, во „Кастро“ ќе има продолжена програма, која ќе почне во 21 часот и ќе трае до раните утрински часови. По тој повод ќе настапат тетовскиот реге-состав „Конкеринг лајон“ и бугарскиот „Дизи кру“. Интересно е дека во „Дизи кру“ членуваат неколку искусни бугарски реге-музичари, кои овој пат ќе се претстават во поинакво светло. Нивниот настап ќе биде во акустична варијанта, а во реге-темите ќе бидат вметнати хип-хоп елементи, што ќе претставува изненадување за публиката.
Покрај настапот на двата бенда, забавата ќе биде збогатена со повеќе диџеи, кои ќе пуштаат реге-музика, а особен акцент ќе се стави на нумерите на Боб Марли. Меѓу диџеите што ќе застанат зад пултот во „Кастро“ се: Чарлито, Лаки, Педро, Раста Грл, Иренска и други.
Влезниците за оваа забава ќе чинат симболични 100 денари, а поголемиот дел од средствата ќе бидат искористени за организација на пролетниот концерт, кој традиционални се одржува во градскиот парк во Скопје, на местото познато како „Школка“. Пролетниот концерт обично се прави на 11 мај, на денот кога почина големиот реге-мајстор.
Минатата година на овој концерт, настапуваше и некогашниот македонски култен реге состав „Цилиндар“, во кој членуваат Ристо Самарџиев, Петар Ренџов, Перо Јанков и Димитар Димовски, кои токму за оваа пригода ја реоформија групата по дваесет години.
:: Спорт :: Останати спортови
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот