Разбојници украле багер и искршиле половина град
Страна 1 of 1
Разбојници украле багер и искршиле половина град
Маскирани разбојници украле багер и со него се обиделе да извадат банкомат во Велика Британија. Се удриле во пошта и во неколку продавници.
Дека не е добро да се управува багер ако за тоа не сте обучени, научиле и разбојниците. Обидувајќи се да го извлечат банкоматот возејќи го багерот тие ги искршиле околните продавници.
Шокираните соседи излегле да видат што се случува и повикале полиција која веднаш пристигнала на местото на настанот. Изгледало како ураган да го има погодено ова мало место во Британија.
Разбојниците успеале да го извлечат банкоматот, но, тој им паднал во поштенската канцеларија откако се удриле во неа. Не можеле да го подигнат па побегнале, оставајќи зад себе неколку згради во рушевини.
Багерот го украле од пред куќа на еден градежен работник.
„Сопругот тргна на работа кога виде дека го нема багерот. Сигурно биле многу тивки бидејќи не ги слушнавме“ - рекла сопругата на сопственикот на багерот.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот