Швајцарија во борба против голите авто-стопери
Страна 1 of 1
Швајцарија во борба против голите авто-стопери
Локалната влада на кантонот Апензел во Швајцарија, планира да преземе мерки против ненадејниот и недобредојдениот феномен, голите авто-стопери.
Властите на кантонот планираат да воведат казна за секој кој ќе се движи по нивните планински региони без облека. Тие одлучиле да преземат мерки пред да започне сезоната за авто-сопирање, откако бил забележан ненадеен прилив на нудисти минатата година, главно од Германија.
ФФК, односно слободна култура на телото, сега е популарна во Германија, но мештаните на Апензел не се воодушевени од овој тренд.
„Присилени сме да воведеме нови закони за борба против овој непристоен феномен пред да дојде убавото време“ - рекол Мелкор Лузер, претставник на кантонот.
„Се работи за тоа што на лето многу деца доаѓаат во нашите планини на летување“ - додал тој.
Минатата година бил уапсен еден гол авто-стопер, но не бил казнет од причина што голото шетање не е забрането со закон, па властите заклучиле дека им е потребна нова регулатива.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот