Деца побегнале од дома за да се венчаат
Страна 1 of 1
Деца побегнале од дома за да се венчаат
Девојче и момче од 6 и 7 години побегнале од дома на 1-ви јануари годинава, цврсто решени да се венчаат во Африка.
Шестгодишниот Мика и седумгодишната Ана-Лена, „многу се сакаат и имаат желба да се венчаат во Африка, каде што е топло, а за сведок ја земаат помалата сестра на Ана-Лена, Ана-Бел“ - рекол портпаролот на полицијата.
Трите деца ги спакувале куферите, во кои, помеѓу останатото се наоѓале очиа за сонце, опрема за плажа, летна гардероба и храна. Домот во Лангехаген, во предградието на Хановер, децата го напуштиле додека нивните родители спиеле.
"Пешачеле низ градот 1 километар, се возеле со трамвај 2 километри, и стигнале до железничката станица за да се качат на возот со кој би отишле на аеродромот" - додава полицискиот портпарол.
Бидејќи децата биле сами на перонот, го привлекле вниманието на обезбедувањето на железничката станица, кои веднаш повикале полиција.
Полицајците успеале да ги уверат децата дека без пари не ќе можат да купат авионска карта за Африка, а за да ги утешат ги прошетале низ полициската станица, од каде родителите ги однеле дома.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот