СНЕГ ВО ВЕГАС
3 posters
Страна 1 of 1
СНЕГ ВО ВЕГАС
Иако е познат по своите казина, неонските реклами и високите температури сепак денеска во пустинскиот град Лас Вегас осамна снежна покривка од неколку сантиметри како резултат на ретка снежна бура.
Снежната покривка од 15 сантиметри предизвика хаос во Вегал, при што училиштата престанаа со работа, а се создаде и метеж во сообраќајот бидејќи посетителите и жителите на Вегас не се навикнати да возат по лизгави улици.
Познатите хотели и знаменитости во американската коцкарска метропола беа исто така покриени со снег по бурата што вчера ја зафати пустината.
Вакво невреме не е забележано во овој период во годината во Вегас. Од далечната 1937 година во Вегас само во пет наврати наврнал снег.
Туристите го искористија ова време за да се сликаат пред познатите хотели како што се Луксор како и пред знакот Добредојдовте во Вегас.
Снежното невреме ја зафати Невада, Калифорнија и Вашингтон во понеделникот, предизвикувајќи големи проблеми во аеротранспортот и во патниот сообраќај.
Метеролозите велат дека снежната бура е резултат на топлиот воздушен бран од Мексичкиот залив, кој се судрил со студениот бран кој доаѓа од Канада.
Аризона и Ново Мексико исто така се зафатени од бурата. Снег се очекува и на средниот запад во текот на викендот, со рекордни снежни врнежи на познатиот карпест планински масив Роки и во северо-западот.
На единствениот аеродром во Лас Вегас, невремето предизвика застој во сообраќајот и доцнење на летовите, бидејќи властите признаваат дека немаат машинерија за чистење на снегот во Вегас.
Поради снегот во градот имало и неколку сообраќајни незгоди поради влажните коловози и слабата умешност на возачите да возат под такви услови.
Учениците денеска не одеа на училиште, па останаа да се радуваат на снегот.
- Лудило е да се видат палмите покриени со снег. Глетката е прекрасна - велат во Вегас кои во последните 17 години немаат видено снег во пустината.
Извор: Сител
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Re: СНЕГ ВО ВЕГАС
можам да замислам колку се сега возбудени смотаните американци :pos: :pos: :pos: :vozbuden: :vozbuden: :vozbuden:
jelena- Пуфла
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1969
Поени : 192
Репутација : 5
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : Into the Wild...
Ден на регистрирање : 2007-08-22
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот