Со срце за Македонија од денеска и официјално е новото навивачко лого и слоган на македонскиот спорт
Страна 1 of 1
Со срце за Македонија од денеска и официјално е новото навивачко лого и слоган на македонскиот спорт
Со срце за Македонија од денеска и официјално е новото навивачко лого и слоган на македонскиот спорт. Со срце за Македонија ќе биде заштитен знак и спортска виза на сите нашите навивачи на следните големи спортски натпреварување. Слоганот „Со срце за Македонија“ преставува само продолжение на новиот начин на навивање на македонските вљубеници во спортот кој започна со промоцијата на навивачката химна „Македонија навива за вас“, испеана од неповторливиот Тоше Проески.
„Со ова го започнуваме проектот Спортска виза, која се надеваме македонските навивачи секогаш ќе ја користат за влез во сите спортски арени во Македонија и светот каде настапуваат македонските спортисти и репрезентации.“, изјави Драган Ѓурчевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
„За нас спортистите, секој натпревар се игра со срце. Значи, секое навивање е со срце и мислам дека ова лого ќе се применува, еве почнувајќи од светското првенство во Хрватска за мажи.“, рече Валентина Радуловиќ, капитен на ракометната репрезентација.
„Мислам дека е ова патеката по која треба да се движи целата држава во смисла на спортот. Да се дава поголема поддршка на спортот и мислам дека е тоа единствениот начин Еврпа и светот да чујат за Македонија.Се надевам дека ова ќе биде логото кое ќе не води до големи победи и успеси“, рече Борко Ристовски, ракометен репрезентативец.
Извор: Канал5
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот