Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Неколку начини да го подобрите говорот на телото

Go down

Неколку начини да го подобрите говорот на телото Empty Неколку начини да го подобрите говорот на телото

Пишување by najforumce Вто Ное 11 2008, 20:08

Неколку начини да го подобрите говорот на телото Slika10

Не постои некој специфичен водич за тоа како можете да го подобрите говорот на телото. Меѓутоа генерално гледано, работите секогаш се вртат околу неколку практични совети како да го направите тоа. Ѕирнете ги следниве корисни совети:

Не ги прекрстувај рацете или нозете.
Овa веќе сигурно сте го слушнале, рацете и нозете не треба да се прекрстуваат заради тоа што тоа делува дефанзивно.

Гледајте во очи додека некој ви се обраќа, но не зјапајте.
Контактот со очи е важен заради тоа што со тоа се остварува подобар контакт со говорникот, а воедно му давате на знаење дека внимателно слушате. Но, не претерувајте, премногу гледање во очи може лошо да влијае на говорникот. Внимавајте да не го исплашите, па учтивото следење да добие впечаток на демнеење.

Не плашете се да завземете простор.
На пример стоење со нозете раширени, остава впечаток дека имате голема самодоверба.

Опуштете ги вашите рамења.
Кога чуствувате некоја тензија, размрдајте ги вашите рамења и поместете ги малку назад

Климајте со главта кога некој ви збори.
Со тоа давате сигнали дека слушате, но умерено, не претерувајте.

Седете исправено.
Исправено, но на релаксиран начин.

Кога би седеле навалени кон соговорникот...
Тоа би можело да покаже дека сте заинтересирани во разговорот. Ако акате да покажете дека верувате во себе, малку навалете се назад. Но, немојте премногу зошто ќе делувате арогантни и далечни.

Смејте се.
Опуштете се, немојте да бидете премногу сериозни. Кога некој ќе каже нешто смешно насмејте се, луѓето сакаат повеќе да комуницираат со позитивни личности. Но, кога ќе кажете некоја шега немојте да бидете вие првите кои се смеат на таа шега, тоа ве прави да изгледате нервозно. Кога некој ќе ве претстави, испратете скришна, слатка и мала насмевка, ќе оставите подобар впечаток.

Не допирајте го лицето.
За време на разговор, ако го допирате лицето, делувате нервозно, а воедно го одвлекувате говорникот од фокусот на разговорот.

Држете ја главата високо.
Не гледајте во земја, тоа ве прави да изгледате несигурно и малку изгубено. Главата исправено и очите кон хоризонтот!

Успорете малку.
Ова важи за неколку работи. Побавното одење делува посмирено и посамоуверено, исто така ќе направи да не се чуствувате толку стресно. Кога некој ќе ви се обрати, немојте на брзина да се свртите накај него/неа, направате го тоа побавно.

Немојте да бидете "замрзнати".
Обидете се да ги одбегнувате или да ги смените фригидните движења и нервозното мрдање со ногата или брзото удирање со прсти по маса - делуваат премногу нервозно. Обидете се да се релаксирате.
najforumce
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Неколку начини да го подобрите говорот на телото Sneaky
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот