Операција Триумф чини 7.000.000 евра
Страна 1 of 1
Операција Триумф чини 7.000.000 евра
Продуцентската куќа Имоушн планира да потроши седум милиони евра на реализација на проектот Операција Триумф, пишува српскиот весник Курир, според информации од неименуван извор.
Имено само лиценцата која оваа куќа ја откупила од Ендемола чинела два милиони евра, а останатите пет се потрошени на опрема, одржување и се разбира, плати за вработените.
"Лиценцата е преплатена бидејќи реално не вреди толку. Платите на популарната четворка која секој понеделник ја води „Гала вечерта“ изнесуваат по три илјади евра од емисија, што значи дека за еден месец им се исплатува 48. 000 евра", вели изворот за Курир и додава:
"На сето тоа и членовите на жирито, професорите на академијата и директорот Саша Драгиќ исто така добиваат неверојатно високи износи за ангажманот во Операција Триумф. Од друга страна бендот кој ги придружува кандидатите добива 700 евра неделно, додека кандидатите добиваат симболичен надоместок од 100 евра за една недела".
За да се уверат во веродостојноста на информациите, од Курир го контактирале директорот на продуцентската куќа Имоушн Горан Стаменковиќ кој изјавил дека проектот не чини толку и дека на телевизија нема толку пари, како што мислат луѓето.
"Шоуто навистина е премногу скапо, што се гледа и на ТВ, но голем дел од опремата ќе се користи со години и за други проекти и концерти. Најважно е дека во Србија пристигна најсовремена опрема и дека наши луѓе научија да ја користат."
За платата на водителите, Стаменковиќ вели дека се добро платени, но дека не станува збор за сума од 3000 евра по емисија.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот