Марихуаната е помалку штетна од алкохолот и цигарите
Марихуаната е помалку штетна од алкохолот и цигарите
Пушењето на марихуана е помалку штетно од конзумирање на алкохол и цигари, пишува во документот од новата студија "Beckley Foundation's Global Cannabis Commissiona". Поради тоа законот за забрана за конзумирање на марихуана го сметаат неделотворен и повикуваат на повторно разгледување на законот за дроги.
Забраната има мало или никакво влијание на набавката на марихуана и ги претвори конзументите во криминалци.
"Иако марихуаната може негативно да делува на здравјето, вклучувајќи го и менталното, марихуаната е помалку штетна од алкохолот и цигарите" - пишува во извештајот.
"Многу негативности поврзани со марихуаната потекнуваат од самата забрана, посебно општествени штети кои настануваат од апсењата и затворот." - се додава во студијата.
Во извештајот има податок дека во цел свет се забешежани само два смртни случаи поврзани со марихуаната, а алкохолот и цигарите имаат далеку поголем број на смртни случаи.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот