Денеска е Рамазан Бајрам
3 posters
Страна 1 of 1
Денеска е Рамазан Бајрам
Верниците од исламската вероисповед денеска го слават верскиот празник Рамазан Бајрам, со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на едномесечниот пост.
Рамазанските пости претставуваат една од основните обврски на муслиманските верници. Прославата за рамазанскиот - Бајрам трае три дена. На првиот ден се извршува утринска молитва - Бајрам Намаз, а во состав на прославата се разменуваат подароци и се посетуваат роднините и пријателите.
Исламското учење вели дека во тој месец е објавена светата книга Куран.
По повод големиот празник честитка до муслиманските верници испрати поглаварот на Исламската верска заедница Реус-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи:
-Драги верници. Овој Бајрам е празник кој што го одбележува крајот на месецот Рамазан и претставува уште една прилика да му заблагодариме на семоќниот Алах за нашиот живот осветлен со зраците на исламската вера, да му се радуваме еден на друг и да ја поделиме лубовта меѓу себе, да ја изразиме нашата хуманост и нашата сомилост кон тие што поради разни причини не можат да уживаат во сеопштата радост. Но, убедени во големината на божјите одредби и во основните принципи на исламот, ние денес и секогаш ќе бидеме со тие што имаат потреба за нашата испружена рака. Човекот е создаден од Алах. Тој не создал да опстоиме во природен баланс меѓу него и вселената. Токму затоа, секој исламски верник треба да живее во хармонија со себеси и со другите, со пријателите и тие што се различни од нас, се велеи во честитката на поглаварот на Исламската верска заедница Реус-ул-улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи .
По повод големиот муслимански празник честитки до весрниците од исламаска вероисповед испрати и државниот врв.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Re: Денеска е Рамазан Бајрам
Aj cestit praznik vgodina poveseli(neam MK podrska na tastaturava) :laugh:
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот