Патници присилени да туркаат авион
Страна 1 of 1
Патници присилени да туркаат авион
Кога тргнуваме на пат со авион, на памет ни паѓаат многу работи кои би можеле да тргнат на лошо, но на овие кинески патници ни на крај памет не им било дека ќе мораат да го напуштат авионот за да го туркаат.
А токму тоа им се случило на патниците на авионот CRJ7 откако прелетале речиси 800 км од градот Гулин и слетале на терминалот во Зенгзоу, најголемиот град во провинцијата Хенан.
Најпрво наредбата за туркање на авионот ја добиле само седдуммина члена на екипажот, но бидејќи не можеле да го помрднат од место, 69 патници биле присилени да ги напуштат своите седишта и да го туркаат авионот. Им требале речиси два часа да го турнат авионот 900 метри, колку што требало до надворешната линија на терминалот.
- Фала му на Господ што се работеше за само 20 тони тежок авион - изјавил еден од вработените на аеродромот.
Авионот сеуште се наоѓа на истото место и го чека механичарот за да се види каде е проблемот.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот