Грчки интернет страници нападнати од "Македонската Сајбер Елита"
Страна 1 of 1
Грчки интернет страници нападнати од "Македонската Сајбер Елита"
Повеќе грчки интернет сајтови се нападнати од "Македонската Сајбер Елита". Во текстот, покрај сликата со старото знаме на Македонија која се појавува, на грчките страниците се вели:
"Поракава е на Македонски јазик затоа што Вие сте наши потомци и знаеме дека ќе ја разберете... Време е да престанете со вашата тврдоглавост, незнаеме со која цел барате нешто што не е ваше, незнаеме до кога и до каде ќе стигнете, но веруваме не многу далеку затоа што ние сме веќе одамна свесни, а сега и потполно спремни да се спротивставиме и доволно моќни да уништиме се што ни пречи. По природа сме мирен народ, но не и наивен и нема да дозволиме историјата да се повтори... Спремни сме во секое време да одговориме и виртуелно и реално. Нашите напади ќе станат почести доколку не ја смените вашата политика, а многу добро знаете што треба да сторите... Сватете го ова како совет за подобра иднина и подобри меѓусоседски односи...“
Исто така на 27 август, годинава, во периодот меѓу 04:00 и 09:00 часот страната на грчкиот премиер била изложена на повремени ддос напади и на периоди била недостапна.
Ова се некои од грчките интернет страници кои се нападнати:
http://www.gipapamanolis.gr
http://www.brano.gr/shopping
http://www.aerodromia.com
http://www.zante-guide.com/zakynthos
Извор: Нетпрес
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот