5 фази на пијанство...
4 posters
:: Забава и култура :: Хумор
Страна 1 of 1
5 фази на пијанство...
1. Прва фаза - НАЈПАМЕТЕН
Во оваа почетна фаза наеднаш стануваш експерт за секоја тема во познатиот универзум. Знаеш дека знаеш се и сакаш да ја пренесеш своjaта мудрост на било кој што ќе те слуша (иако не е неопходно да имаш слушатели). Во оваа фаза, ти си секогаш во право, а многу нормално - лицето со кое зборуваш, секогаш греши. Ова доведува до експонирање на интересни аргументи, креирање есенцијални дискусии и промоција на револуционерни идеи кога и двајцата соговорници се паметни.
2. Втора фаза - ДОБРО ИЗГЛЕДАШ
Во оваа фаза, сфаќаш дека изгледаш најдобро од сите присутни во просторијата во која се одвива ритуалот на алкохолизација. Едноставно, знаеш дека им се допаѓаш на луѓето околу тебе. Во оваа фаза на пример, можеш да и пријдеш на тотално непозната личност знаејќи дека "те шмека" и одвај чека да започне разговор со тебе. Имај во предвид дека си и паметен (претходната фаза), па со оваа личност можеш да разговараш буквално на секоја тема.
3. Трета фаза - БОГАТ
Ако можеш да го замислиш Доналд Трамп во некоја македонска кафана со блажен поглед на очите додека врз него Доктор Спец-Виолинист преку увото му прави операција на срце за да ги извади сите долари кои ги има, тогаш во најдобар случај ќе се приближиме на емоциите кои ги имаш во оваа фаза на пијанството. Значи, наеднаш стануваш најбогата личност во светот која може да ги чести со пијачки сите присутни во просторијата бидејќи имаш огромен камион полн со пари, паркиран веднаш пред вратата. Дијапазонот на активности кои ти се овозможени во оваа фаза е широк: на пример, не ти е никаков проблем да се обложуваш за било што, бидејќи сеуште си паметен, па секако ќе ги добиеш сите твои облози. Не е важно во колку пари се обложуваш бидејќи си богат. И добро изгледаш.
4. Четврта фаза - ОТПОРЕН НА КУРШУМИ
Сега пријателе си подготвен и да влегуваш во тепачки со било кој, поточно кажано - со сите, а особено со оние со кои си се расправал или обложувал. Ова е така бидејќи ништо не може да те повреди, бидејќи човеку ти си отпорен на куршуми. Во оваа фаза слободно пристапуваш до партнерите на оние што ти се доаѓат и ги предизвикаш на натпревар во интелигенција или пари. Не се плашиш дека ќе ја изгубиш битката, бидејќи си паметен, богат и во секој случај изгледаш подобро од нив!
5. Петта фаза - НЕВИДЛИВ
Ова е последната фаза од пијанството. Во овој момент можеш да правиш било што, бидејќи никој не може да те види. Се случува да приредиш посебно шоу за оние среќници (луѓето кои ти се допаѓаат) на кои ќе им дозволиш да те видат. Нормално, особено си невидлив за лицето кое сака да се тепа со тебе бидејќи пред да ја добиеш оваа способност си се нафрлил на неговата девојка. Кога ќе се враќаш дома (доколку не влезеш во екстра фазата - Недвижнина) може слободно да се прошеташ низ улицата најгласно што можеш бидејќи никој не може да те види или слушне. Ако случајно помислиш дека ти се губи невидливоста, слободно голтни неколку капки од магичната напивка која ќе ти ја врати старата визуелна форма. Само внимавај... да не дојдеш во ситуација самиот да не можеш да се видиш во огледало - штета е да не можеш да ја видиш сета твоја убавина која блика низ очите и мудрост која зрачи од секоја пора на твоето лице.
jelena- Пуфла
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1969
Поени : 192
Репутација : 5
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : Into the Wild...
Ден на регистрирање : 2007-08-22
Re: 5 фази на пијанство...
* И не пијте додека возите. Може да ви се истури пијачката.
На здравје.
На здравје.
jelena- Пуфла
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1969
Поени : 192
Репутација : 5
Поминат рок на траење : 37
Се наоѓам : Into the Wild...
Ден на регистрирање : 2007-08-22
Re: 5 фази на пијанство...
Закон ... Одлично анализирано ... Мислам дека секој ќе си се пронајде овде - онде.
Vlado-Tornado- Администратор
-
Треснал Глупости : 297
Поени : 10
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Ден на регистрирање : 2007-05-16
Re: 5 фази на пијанство...
хаха секоја чест си го зачував ова за да го имам за стално lol
4. Четврта фаза
Сега пријателе си подготвен и да влегуваш во тепачки со било кој, поточно кажано - со сите, а особено со оние со кои си се расправал или обложувал. Ова е така бидејќи ништо не може да те повреди, бидејќи човеку ти си отпорен на куршуми. Во оваа фаза слободно пристапуваш до партнерите на оние што ти се доаѓат и ги предизвикаш на натпревар во интелигенција или пари. Не се плашиш дека ќе ја изгубиш битката, бидејќи си паметен, богат и во секој случај изгледаш подобро од нив!
4. Четврта фаза
Сега пријателе си подготвен и да влегуваш во тепачки со било кој, поточно кажано - со сите, а особено со оние со кои си се расправал или обложувал. Ова е така бидејќи ништо не може да те повреди, бидејќи човеку ти си отпорен на куршуми. Во оваа фаза слободно пристапуваш до партнерите на оние што ти се доаѓат и ги предизвикаш на натпревар во интелигенција или пари. Не се плашиш дека ќе ја изгубиш битката, бидејќи си паметен, богат и во секој случај изгледаш подобро од нив!
Александар- Македонија
- Расположение :
Треснал Глупости : 664
Поени : 12
Репутација : 0
Ден на регистрирање : 2007-06-03
:: Забава и култура :: Хумор
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот