Груевски – двојна формула за името
Страна 1 of 1
Груевски – двојна формула за името
Двојната формула е единствениот компромис што може да го направи Макеоднија за решавање на разликите околу името со Грција.
Ова денеска го укажа македонскиот премиер Никола Груевски, додавајќи дека тоа било владината позиција која му била соопштена на посредникот Метју Нимиц на последната средба во Скопје.
„Не постигнавме согласност со Нимиц и јас му соопштив дека, сепак, е најдобро уште еднаш размисли и да најде начин да ја убеди другата страна да одиме повторно кон она што содржи компромис, а тоа е двојната формула“, изјави Груевски.
Според него, последните идеи на Нимиц оделе на линија на грчкиот став, за едно име за општа употреба, што за влада е неприфатливо
“Една од идеите што ги изнесе Нимиц е користење едно име за целосна надворешна употреба. Тоа за нас е неприфатливо и тука застанавме. Некои работи од неговите идеи беа интересни, ги разгледавме, ги анализиравме, меѓутоа една од работите за која не можевме да се согласиме и заради која рековме дека нема логика да се оди понатаму беше тоа“, изјави Груевски, кој денеска ги посети археолошкиот локалитет Стоби и Крушево.
Груевски изјави дека за владиниот став го известил и претседателот Црвенковски. Од неговиот кабинет нема коментар.
Извор
Кај се говорите од пред изборите ? Кај е референдумот на граѓаните ? Сите сте исти ... :0531:
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот