Фантастичен настап на Џеси Норман на Охридско лето
:: Забава и култура :: Музика
Страна 1 of 1
Фантастичен настап на Џеси Норман на Охридско лето
Американската оперска дива, Џеси Норман, имаше фантастичен настап на отворањето на 48-то Охридско лето синоќа на Античкиот театар. Раскошниот глас на една од најдобрите светски сопранистки не ја остави рамнодушна две и пол илјадната публика која со овации ја врати Норман на бис. Ѕвездената ноќ ја надополни и извонредниот настап на балетот, хорот и оркестарот на македонската филхармонија со кој извонредно диригираа Саша Николоски – Ѓумар и Рејчел Ворби.
На настапот на Норман и претходеше церемонијата на свеченото отворање на која се обрати претседателот на УО на фестивалот Ѓорѓи Јолески. „Илјадници уметници од светот ќе ги отворат своите срца пред вечно желната за уметност публика во Охрид“, рече Јолески.
Пораката во име на македонските уметници до светот ја испрати примабалерината Александра Мијалкова, а фестивалот за отворен го прогласи покровителот, претседателот на државата, Бранко Црвенкоски. „На Охрид му е дадена таа трајна, духовна и културна мисија на врвната културна и духовна мисла да и го понуди вечниот мир на езерото и прекрасната природна околина како инспирација за големи дела. Без разлика во која епоха тие се создаваат, овие креации стануваат неоделив дел од трајното светско културно наследство“, рече Црвенковски.
На отворањето на 48-то Охридско лето на Античкиот театар присуствуваа голем број гости претставници на дипломатскиот кор, политичари и други познати личности, меѓу кои беше и г-нот Љубе Бошковски, кој неодамна од страна на судот во Хаг беше ослободен од обвинувањата за воени злосторства.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
:: Забава и култура :: Музика
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот