Честер: најголем баксуз на светот без конкуренција
Страна 1 of 1
Честер: најголем баксуз на светот без конкуренција
На Честер секоја прошетка му е потенцијална опасност и може да му се случи невозможното. До сега 12-годишниот мелез поради несреќни случаи имал девет операции, загубил неколку заби, ја скршил коската во опашот и го изместил рамото. Сопственикот Џим Кокбрн (50) од Велика Британија го набавил во 2004 година од центарот за незгрижени животни.
-Кога го здогледав за прв пат потрча накај мене. Му велев да застане, но се залета и за малку не ме падна на земја.-изјавил Џим.
Трчајки за топката во една прилика, му заглавила шепата во багажот на автомобилот. Пожарникари морале да интервенираат.
-Во најмала рака, ќе падне по скали. Барем еднаш неделно. Се однесува како дете. Кога ќе падне, плаче. Му требаат прегратки и утеха, а за пет минути ќе ја направи истата глупост - додава.
Откако си го исекол стомакот на оградата која ја прескокнувал морале да го оперираат за да му го спасат животот. Џим мисли дека Честер има проблеми со видот, а ветеринарите тврдат дека боледува од Алцхајмерова болест.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Страна 1 of 1
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот