Пушењето Марихуана ги намалува важните делови од мозокот
2 posters
Пушењето Марихуана ги намалува важните делови од мозокот
Долгогодишното конзумирање на марихуана може да доведе до намалување на важните делови од мозокот до 12 проценти, објавиле австралиски научници од Универзитетот во Мелбурн.
Деталните снимки на мозокот на 15 испитаници, кои во текот на изминатите 20 години, пушеле најмалку по 5 цигари со марихуана дневно, покажале дека Хипокампусот им е помал за 12, а амигалот за 7 проценти од 16 испитаници кои не пушеле марихуана.
Хипокампусот го регулира помнењето и емоциите, амигалот игра улога со справувањето со стравот и агресијата. Оние кои пушеле марихуана лошо поминале и на тестовите за меморија, кои од нив бараше да запомнат 15 зборови.
„Овие резултати го доведуваат во прашање раширеното верување дека пушењето марихуана има мало или никакво влијание на мозокот“, рекол еден од научниците.
15-те испитаници кои пушеле марихуана имаат просечна старост од 39 години и не конзумирале други дроги.
najforumce- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 44
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12
Re: Пушењето Марихуана ги намалува важните делови од мозокот
Ова истово го читав баш пред некој ден, ама ова е строго за тие шо пушет ко стоки секој ден нон стоп. Значит еднаш неделно или уште поубо еднаш месечно, немат никакво влијание.
SteelTemplar- Jehovah
-
Расположение :
Треснал Глупости : 425
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 38
Се наоѓам : Struga
Ден на регистрирање : 2007-06-28
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот