Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Наскоро македонско радио и весник во Грција

Go down

20100321

Пишување 

Наскоро македонско радио и весник во Грција Empty Наскоро македонско радио и весник во Грција




Oтворање на радиопрограма на македонски јазик, издавање на печатен весник и низа други културни настани најавува партијата на македонското малцинство во Грција „Виножито“

Наскоро македонско радио и весник во Грција Img23493118

Овие новини синоќа на македонската заедница во Мелбурн им ги претставил членот на „Виножито“Димитри Јоану, кој на петтиот континент пристигнал на покана на Комитетот за човекови права за Австралија.

За македонските иселеници во Австралија особено радосна беше веста дека што во Солун веќе се формирал еден клас од 30 тина ученици кои го изучуваат Македонскиот јазик, се наведува во соопштението доставено до медиумите во Македонија.

Димитри Јоану ја информираше заедницата дека на 1 мај партијата "Виножито" ќе издаде весник со над 20 000 примероци. Весникот ќе биде двојазичен а поголемиот дел ќе биде на грчки јазик.

Наскоро се очекува да се отвори и радио програма на македонски јазик, но седиштето сеуште не се знае.

Според Јоану радува фактот дека во Воден и воденско поголемиот број од членовите на "Виножито" и фондацијата "Крсте Петков Мисирков" се млади и многу амбициозни членови кои без страв ги користат нивните најосновни човекови права.

Тој информираше дека во Воден постоела табла на од четири на четири метри на која пишувало на македонски канцеларија на "Виножито" и Фондација "Крсте Мисирков".

Јоану во Австралија бил придружуван од познатиот лингвист Виктор Фридман, кој е многу добар познавач на македонскиот јазик и култура.

Тој одржал говор на чист македонски јазик пред македонските иселеници, кои со големи овации го наградиле поради неговото одлично познавање на јазикот.

Притоа Фридман навел дека Грција нема никаква демократија и дека мора да ја смени својата политика од корен.
avatar
GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Наскоро македонско радио и весник во Грција Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот