Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Бесими: Законот за заштита од пушење ќе има ефект на долг рок

Go down

20100131

Пишување 

Бесими: Законот за заштита од пушење ќе има ефект на долг рок Empty Бесими: Законот за заштита од пушење ќе има ефект на долг рок




Законот за заштита од пушењето и покрај негодувањето на угостителите, се почитува и доследно се спроведува, што е добар сигнал за Македонија и напредок во финкционирањето на пазарната економија , изјави денеска во Охрид министерот за економија, Фатмир Бесими по средбата со претставници на угостителите и хотелиерите.

Бесими: Законот за заштита од пушење ќе има ефект на долг рок Get

Како што пренесе „Ohridnews“,на средбата туристичките работници на министерот му ги предочиле проблемите со кои се соочуваат по стапувањето во сила на законот за заштита од пушењето и негативните последици по нивното работење.

Министерот Бесими потсети дека законот е на Министерството за здравство, а инспекторатите се должни да го следат неговото применување.

„Јас се сретнав со сопствениците на угостителските објекти и хотелиерите за да се информирам како оди имплементацијата на законот за заштита од пушењето. Има реакции дека прометот по воведување на законот за заштита од пушење е намален, но тоа не е нешто неочекувано, бидејќи се работи за примена на закон кој директно влијае на навиката кај дел од посетителите на угостителските објекти. Наша проценка е дека тоа е краткорочен ефект и дека на среден и долг рок ќе се стабилизираат работите и ќе има ефект од овој закон’, рече Бесими, посочувајќи дека примарната цел на законот е да се заштити здравјето на граѓаните.

Министерот за економија ги слушна предлозите од туристичките работници за измени во имплементацијата на законот, според кои, ќе придонесат да се ублажат негативните последици.

„Инсистиравме во разговорот со министерот за економија барем на терасите да биде дозволено пушењето во текот на целата година, како што е тоа пример со Италија која најригорозно го спроведува законот, но дозволува пушење на терасите кои можат да бидат покриени“, истакна Дончо Танески, претседател на ХОТАМ.

Според Ерол Сулејманоски од Еснафот на угостителите, законот за заштита од пушењето е дискриминаторски и тешко применлив, затоа што контролата во големите угостителски објекти, кои имаат капацитет преку 1000 гости е речиси невозможна, а предвидените казни се превисоки.

Министерот Бесими по средбата со туристичките работници во Охрид ја посети Струга каде присуствуваше на отварање на производствен погон, а се сретна и со градоначалникот Рaмиз Мерко и стопанствениците од струшко.
avatar
GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Бесими: Законот за заштита од пушење ќе има ефект на долг рок Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот