Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија

Go down

20091201

Пишување 

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија Empty Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија




Наместо некој од европските градови и салони, Ауди како место за претставување на новата генерација на една од најпрестижните лимузини на сите времиња, го избрал Мајами. На прв поглед можеби не личи, но новиот Ауди А8 навистина е многу понапреден од неговиот претходник. Автомобилот добил низа нови технологии, унапредена механика, односно зголемена безбедност.


Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија C_new-audi-a8

Најголемата инглоштадска лимузина пораснала во своите димензии односно сега е долга 5137 мм, има 2992 мм меѓуоскино растојание, ширина од 1949 мм и висина од 1460 мм. Покрај овие димензии Ауди А8 е најлесниот автомобил во неговата класа, во просек полесен за 100 до 200 килограми од слично опремени конкуренти од Мерцесед S класата и BMW серија 7. Ауди со овој напредок може да се заблагодари на алуминумската шасија и некои други современи методи користени за заштедување на маса.

Новиот Ауди А8 изгледа како голем А4, потег кој би го ценеле конзервативните деловни луѓе, за кои овој автомобил е всушност наменет. Препознатливата маска на Ауди и ЛЕД дневните светла останаа заштитен знак на Инглоштадскиот производител.

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-04b

Внатрешноста е всушност прекрцана со висока технологија, а посебен акцент бил ставен на удобноста и мултимедијалноста. А8 стандардно доаѓа со двозонска клима, а може да се доплати за четворозонска. Мултимедијалниот управувачки систем е унапреден со сет операции кои обозможуваат препознавање ракопис и гласовни наредби, а целиот систем е контролиран преку 8 инчен екран во боја. Аудио системот е изрботен од производителот Bang & Olufsen, има моќност од 1.500 вати и 19 звучници.

За новиот А8 Инглоштадите тврдат дека е еден од најбезбедните автомобили во класата. Технологијата ‘Audi pre sense’ која управува со ESP системот има способност да прочита максимална сила на кочење или пролизгување односно занесување, при што ги затвара сите прозорци, ги затегнува појасите и ги предупредува сите учесници во сообраќајот со четири светла.

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-09c

Тука е и адаптивниот темпомат кој со помош на радар вграден во предниот дел на возилото го следи растојанието од другите возила на патот. Способен е да одржува соодветно растојание од возилата пред него односно константно да го предупредува возачот доколку се движи со поголема брзина од дозволената кон некое возило пред него. Доколку пресмета доволно растојание за можен удар, Аудито ќе започне да кочи со полна сила.

А8 има два нови система за помош при престројување кои предупредуваат доколку имате возило во мртвиот агол. Овој систем има помош од термалната камера која ги следи објектите 300 метри, пред и позади возилото, само оние кои емитираат топлина како пешаци или животни.

А8 лежи на потполно независни адаптивни воздушни амортизери чија тврдина може да се зголемува или намалува, се по потреба. Инцијално А8 бил претставен со 4,2 литарски бензински V8 FSI мотор, но набрзо под хаубата своето место ќе го најдат други бензинци односно дизели. Споменатиот V8 развива 372 КС и 445 НМ при 3.600 вртежи. Од 0 до 100 км/час овој автомобил забрзува за 5,7 секунди односно овозможува максимална брзина од 250 км/час која е електронски лимитирана. Просечната потрошувачка не е наведена, но од Ауди тврдат дека е за 15% пониска од претходникот.

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-19d


За менување на брзините задолжен е новиот осум степен автоматски менувач, додека силата на тркалата ја пренесува интегрираниот Quattro систем со стандардно распоредена сила од 60/40 во корист на страничната основа. Во зависност од динамиката и условите на подлогата, системот е способен да пренесе поголема сила на предните односно задните тркала.

Засега од Ауди не сакале да ја откријат цената на новата лимузина. Верзијата со подолго меѓуоскино растојание (Long version) ќе биде достапна во 2010 година.
Од овластениот дистрибутер на Ауди возилата за Македонија, Порше Македонија, кажуваат дека новиот модел на Ауди А8 ќе биде достапен по Нова Година.

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-01

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-02

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-05

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-06

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-08

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-10

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-11

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-12

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-13

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-14

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-15

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-16

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-17

Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија New-audi-a8-18
avatar
GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Новиот Ауди А8 – конзервативна лимузина со многу технологија Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот