Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Заслужено без визи, на ред се преговорите

Go down

20091130

Пишување 

Заслужено без визи, на ред се преговорите Empty Заслужено без визи, на ред се преговорите




СКОПЈЕ, 30 ноември - Македонските граѓани заслужено ќе патуваат во државите на Европската Унија без визи.


Заслужено без визи, на ред се преговорите Cover_evropa-zas-visi

По денешната одлука на Советот на министрите на ЕУ за симнување на шенгенскиот ѕид за западен Балкан можеме да здивнеме, оценуваат за Макфакс политичките аналитичари во државата.

Тие, сепак се поделени во однос на тоа дали денешната одлука е предзнак за она што треба да се случи на состанокот на Европскиот совет во Брисел на 7. декември во врска со добивањето на датум за преговори за полноправно членство на Македонија во ЕУ.

„Ова беше долга битка, која почна некаде во 2000/2001 година. Во секој случај, одлуката е за поздравување. Ова е позитивен чекор за иднината на Република Македонија. Се работеше за техничко прашање за кое ние ги исполнивме условите“, изјави Звонимир Јанкулоски, професор по меѓународно право.

Дека визната либерализација е нешто што државата го заслужува потврдува и професорката Билјана Ванковска.

„Одлуката за визна либерализација е нешто што го заслуживме, и тука нема ни тронка сомнеж дека станува збор за политички морков. Ако воопшто во некоја сфера беа максимално спроведени реформите, тоа беше токму во оваа сфера. За цела држава ова е чин на издишка, на симнување на еден товар, па и на облик на ограничување на слободата на движење и комуникации со европските земји кои припаѓаат на Шенгенската зона“, смета Ванковска.

Според неа, ефектите од трансферот на Македонија од црната на белата Шенген листа допрва следуваат. Ванковска смета дека иако сега нема да има визи и чекање пред амбасадите, привилегија да патуваат во некоја од 25-те држави членки на Унијата за кои ќе важи укинувањето на визите ќе имаат само оние кои и досега тоа го правеа.

„Се плашам дека наскоро дел од граѓаните ќе сфатат дека повторно ќе патуваат оние кои и досега патуваа т.е. кои имаат етаблирани бизнис, професионални или семејни врски, а огромното мнозинство граѓани нема да може да си го дозволи луксузот да патува заради слабата финансиска моќ. Но, оние кои ќе патуваат (се надевам дека тука ќе бидат првенствено студентите и помладите) ќе видат со свои очи колку сме блиску, односно далеку по низа стандарди“, вели Ванковска.

Заслужено без визи, на ред се преговорите Evropa-zas-visi-01

Сепак таа е скептик дека позитивната одлука на Советот може да влијае на одлуката што треба да биде донесена на 7 декември. „Тоа е сосема нешто друго и тука за жал не сум оптимист дека ќе се надминат себе си и ќе доделат датум за преговори, и покрај сознанието дека преговорите се долгорочен процес во кој тие (доколку сакаат) можат во секој момент да го закочат, заради името или некоја друга причина. Во однос на одлуката за визите сметам дека треба да сме горди на сработеното, а одлуката на 7 декември е таква што можам да ја оквалификувам дека „топката е кај нив“, т.е. министрите на ЕУ се на потег“, смета професорката.

Наспроти неа, професорот Јанкулоски е оптимист. Тој не гледа причина зошто министрите за надворешни работи не би и доделиле на Македонија датум за почеток на преговорите за пристапување. „Не гледам причина зошто на 7 декември исто така да немаме позитивна одлука, особено затоа што добивањето на датум не значи дека веднаш влегувате во Унијата. И тоа е процес. Иако визната либерализација не знам дали би го ублажило евентуалното блокирање од страна на Грција, тоа во секој случај е позитивно особено што за Македонија ќе се отворат нови европски хоризонти. Сосема поинаку ќе ја доживееме Унијата кога директно би ја консумирале“, вели Јанкуловски.

„Оптимист сум и не верувам дека ќе има блокада имајќи пред вид дека одлуката на 7. декември ќе значи одлука за политиката на Унијата кон идното проширување. Ако прашањето го сведат на прашање за името тогаш на виделина ќе се појават слабостите на самата Унија. Всушност и не треба да се оптоваруваме со тоа. Не знам зошто се’ се сфаќа: сега или никогаш“, анализира професорот.
avatar
GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Заслужено без визи, на ред се преговорите Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот