ЕУ ги укина визите за Македонија
:: Најфорумче информатор :: :: Портал
Страна 1 of 1
20091130
ЕУ ги укина визите за Македонија
БРИСЕЛ, 30 ноември - Граѓаните на Македонија од 19 декември годинава ќе можат да патуваат без визи во земјите членки на шенгенската зона.
Државите членки на Европската Унија(ЕУ) решија да ги укинат визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора почнувајќи од 19 декември, соопшти францускиот министер за имиграција Ерик Бесон.
“Официјално соопштувам дека ЕУ донесе решение за укинување на визите за трите земји, кое е многу важна етапа во процесот на приближување”, рече Бесон на прес конференцијата.
“Укинувањето на визите за Србија, Црна Гора и Македонија ќе стапи на сила на 19 декември”, додаде Бесон.
Граѓаните на Македонија од 19 декември без визи ќе можат да патуваат во 25 од 27 држави членки на Европската унија, со исклучок на Ирска и Британија. Без визи ќе може да се патува и во Норвешка, Швајцарија, Исланд, Бугарија и Романија
Станува збор за граѓаните кои имаат биометриски пасоши, а кои на туристички или слични патувања ќе може да без виза да престојуваат највеќе три месеци, во текот на секоја половина година
Министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на покана на шведскиот министер за миграциска политика Тобијас Билстром, вечерва во Брисел ќе присуствува на церемонијата по повод укинувањето на визниот режим.

GBL- Администратор
-
Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот
|
|