Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Сте чуле ли за овие 10 држави?

Go down

Сте чуле ли за овие 10 држави? Empty Сте чуле ли за овие 10 држави?

Пишување by GBL Пет Мар 26 2010, 21:26

Би живееле ли во држава среде пустина која има сопствена морнарица? Сакате да стоите гордо на химната на вашата татковина - звук на камчиња кои паѓаат во вода? Или можеби сакате да сте жител на последната британска колонија во САД? Овие држави навистина постојат.

[You must be registered and logged in to see this image.]

Микронациите се територии кои се одвоиле од поголемите држави, генерално на нивно сопствено земјиште. Иако не се сметаат за суверени држави, нивната одвоеност од поголемата држава е генерално прифатена и поради тоа се сметаат за посебни зони.

Единствената причина зошто не се суверени држави е што ниту една друга суверена земја не ги признала ко такви. Единствено жителитеи водачите си ги сметаат за - држави.

Huffington Post се потруди и ги пронајде десетте најчудни микронации на светот:

1. Sealand - Педи Рој Бејтс, познат и како HRH (His Royal Honesty, неговото височество) Принцот Рој ја превзел оваа стара поморска база од Втората светска војна недалеку од англискиот брег во 1967. година.

На почетокот Рој ја користел оваа база за да емитира пиратски радио сигнал во Англија.

Во 1978. Александар Ахенбах, кој тврдел дека е претседател на владата на Sealand се обидел насилно да го превземе островот, што и му успеало, после што Бејтс повикал вооружена помош и со хеликоптерски напад си го повратил островот и го пратил во прогон Ахенбах.

[You must be registered and logged in to see this image.]

2. Conch Republic - во близина на Ки Вест на Флорида се одвоила од САД во 1982. преку воведување на блокади на патиштата и контролните точки на целиот остров. Ова е само еден од многуте острови кои во 60-те и 80-те се одвоиле од Америка.

Се шпекулира дека еден од терористите вклучени во нападот на САД на 11. септември Мохамед Ата купил пасош на Република Конч непосредно пред нападот.

3. The Dominion of British West Florida - основана во 2005. на темел на техничка грешка во пост-колонијалниот закон во кој стоеше дека еден мал дел на брегот на Флорида останал под управа на Британската круна. Кралицата Елизабета II се' уште не ја признала оваа територија.

4. Тhe Nation of Celestial Space - во 1948. Џејмс Томас Манган, „дотогашен жител“ на државата Илионис во САД се прогласил за владател на целата вселена освен планетата Земја под оправдание дека ако тоа не може да го сторат суверените држави, тогаш тоа не би требало да биде проблем за поединци.

Манган добил многу понуди за откупување на делови од неговата „територија“ кои глатко ги одбил и ги враќал назад парите кои му биле праќани. После неговата смрт сопствеништвото на неговата нација има непознат статус Smile

[You must be registered and logged in to see this image.]

5. Кugelmugel - Едвин Липбургер си ја прогласил за суверена својата сфера во 1984. откако се искарал со властите во Виена околу доделувањето на дозвола за градба.

Со тек на време си направил сопствени поштенски марки поради кои добил затворска казна, од која бил спасен со помилување од претседателот на Австрија.

Подоцна Kugelmugel сферата е преселена на друга локација во Виена и функционира како туристичка атракција.

6. Ladonia - Ларс Вилкс е името на уметникот кој си прогласил независна територија под името Ладониа околу две свои инсталации на југот на Шведска, формирајќи две независни држави Smile Химната на една од нив е звук на камчиња кои паѓаат во вода.

После долга и мачна битка, властите му ги срушиле скулптурите, но му дозволиле подигање на меморијален споменик во висина од 8 см на местото на кое биле првично поставени Smile Одлична приказна, информирајте се повеќе.

[You must be registered and logged in to see this image.]

7. Lundy - некое време на почетокот на 20. век Mартин Колс Харман владеел со ова мало островче покрај брегот на Обединетото Кралство како со свое вазалство, потполно игнорирајќи ги законите на британското копно, дури и печатејќи го својот лик на посебната валута во Лунди.

8. Dominion of Melchizedek - основан во 1986. од Дејвид Еван Педли и неговиот син Марк Логан Педли кои тврдат дека доминионот е верска организација чие седиште е еден остров на југот во Пацификот. Меѓутоа, некои новинарски истраги покажаа дека главната функција на островот е да извршува илегални финансиски трансакции.

9. The Republic of Molossia - 1977. е годината во која Кевин Бох прогласил мал дел од Невада за суверена држава.

И покрај ограничените средства, Бох ја водел својата држава најдобро што можел, така што започнал да ги користи жетони за покер како пари и една преработена верзија на албанската химна како сопствена.

Иако се наоѓа среде пустина, Молосиа има своја сопствена морнарица.

[You must be registered and logged in to see this image.]

10. The Other World Kingdom - е микронација која се наоѓа во еден дворец од 16. век во Чешка, каде доминантни жени владеат со машки робови и седат на фенси престоли Smile

Таму владее матријархатот под водство на кралицата Патрициа I, a државата има една единствена цел: „Да се стават што повеќе машки суштества под неограничената власт на Супериорните Жени на колку што е можно поширока територија“.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Сте чуле ли за овие 10 држави? Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот