Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ибрахимович: Во иднина сите ќе сакаат да играат како Барса

Go down

Ибрахимович: Во иднина сите ќе сакаат да играат како Барса Empty Ибрахимович: Во иднина сите ќе сакаат да играат како Барса

Пишување by BuDaLoTo_DeTe_ Пон Фед 08 2010, 19:54

Шведскиот интернационалец, Златан Ибрахимович вели дека Барса покажала
дека може да се освојуваат трофеи играјќи убав фудбал и вели дека во
иднина сите клубови ќе се обидат да ги имитираат Каталонците.







Ибрахимович: Во иднина сите ќе сакаат да играат како Барса LinkИбрахимович: Во иднина сите ќе сакаат да играат како Барса Ibra-300-barcareal





Ибра исто така проговори и за своите први шест месеци во Барселона и неговата адаптација на Камп Ноу.

Ибра имаше добар старт на сезоната во Барселона но на последните 10 натпревари има постигнато само 2 погодоци.

Но во интервју за El Periodico шведскиот интернационалец вели дека тој воопшто не е загрижен поради лошата голгетерска форма.

“Се чувствувам добро во Барселона. Моето семејство и јас се
прилагодивме добро, среќен сум тука, веќе освоивме три титули за шест
месеци, први сме на табелата и немаме загубено во домашниот
шампионат.”

“Тимот освои се и сака да продолжи во ист стил. Жалам само што
доживеавме елиминација во Купот на Шпанија бидејќи Севиља не одигра
подобро од нас. Но вакви работи се случуваат во фудбалот.”

Напаѓачот сезоната ја започна со 11 погодоци во 13 кола но сега има серија од шест натпревари без погодок.

“Не сум загрижен. Ми се случувало тоа и претходно. Во мојата прва година во Ајакс, во Јувентус, во Интер.”

“Нормално е да се случи тоа бидејќи се адаптирам на многу
работи. Очигледно е дека е важно за напаѓач на Барселона да постигнува
погодоци, но тоа не е се.”

“Барем за мене тоа не е се бидејќи важни се и асистенциите.
Асистенцијата е исто како погодок бидејќи е среќен вашиот
соиграч.”

Ибра признава дека е многу потешко за напаѓачите во Италија отколку во Шпанија.

“Првенствата се многу различни, во Италија можат да ви се
укажат само три или четири шанси за погодок на еден натпревар и треба
да бидете подготвени да не погрешите.”

“Можете да играте 80 минути без да ја допрете топката но
знаете дека на крајот може да ви се укаже шанса. И не можете да
промашите бидејќи ќе ви се суди според таа шанса.”

“Затоа таму напаѓачите од типот на Инзаги и Трезеге се ценети
многу, можат да постигнат гол со само една укажана шанса.”

“Но тука во Шпанија е поразлично. Се чувствувам како да сум во
деновите од Ајакс. Во Италија не се заинтересирани за добар
фудбал.”

“Нив им се доволни и 1-0. Ништо друго не е важно освен победа.
И доколку некој мисли да игра убаво тие ви велат, ’Да, играше
добро, но ништо не освои така?’.Добриот фудбал не им значи
ништо.”

“Во Ајакс доколку победите со 1-0 фанвоите ќе ве извиркуваат.
Како е можно тоа? Си го поставував истото прашање и себеси. Тоа е така
бидејќи луѓето сакаат добар фудабл. Сакаат спектакал.”

“Дали го делам истото мислење? Апсолутно. Доколку сум платил
билет сакам да гледам добро шоу. Доколку победите 1-0 и не се
забавувате одите дома разочарани. Луѓето тука сакаат модерен фудбал.
Доколку и јас бев дел од фановите на Камп Ноу, ќе го побарав
истото.”

“Барселона игра фудбал на иднината, тие креираат трент. За
неколку години сите ќе сакаат да играат како нас. Бев задоволен што
Шпанија триумфираше на ЕВРО 2006 бидејќи играа убав фудбал.”

“Барса освои се играјќи убав фудбал и покажа дека може да се
успее така. Па затоа убавиот фудбал е фудбал на иднината. Можеби нема
да има вакви промени за година или две, бидејќи традицијата не се
менува брзо, но ова е тренд кој ќе биде следен во иднина.”
BuDaLoTo_DeTe_
BuDaLoTo_DeTe_
Најjакиот
Најjакиот

Male
Sagittarius

Расположение : Ибрахимович: Во иднина сите ќе сакаат да играат како Барса Daring
Треснал Глупости : 149
Поени : 446
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : kaj Megan Fox
Ден на регистрирање : 2009-06-19

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот