Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Најмоќните афродизијаци се во нас

Go down

Најмоќните афродизијаци се во нас Empty Најмоќните афродизијаци се во нас

Пишување by GBL Сре Фед 03 2010, 16:34

Заборавете на чоколадите и бананите, најмоќните афродизијаци се наоѓаат во нашите тела. Време е да научите да се служите со нив.

Најмоќните афродизијаци се во нас Afrod-455

Афродизијаците веќе со векови го преокупираат светот. Старите Римјани сакале остриги, Кинезите месо од ајкула... Меѓутоа, најмоќните афродизијаци се наоѓаат во човековото тело.

Човечката еволуција минала низ три различни мозочни системи наменети за поврзување на мажите и жените. Станува збор за сексуалниот порив, односно страста, сензитивното поврзување, односно довербата - и романсата, односно заљубеноста. Секој од овие системи има важна улога во креирањето на желбата и научниците сега почнуваат да воочуваат кои хемиски „комбинации“ делуваат како „тригери“ на системите.

Најмоќните афродизијаци се во нас Afrod-v-4

Страст

Сексуалниот порив е поврзан со андрогените хормони, особено со тестостеронот. Жените со ниско либидо може да добијат лекови кои ќе им го подигнат нивото на хормонот. Меѓутоа, либидото кај жените може да се зголеми и ако жената се бави со некој натпреварувачки спорт. И водењето љубов произведува еднаков ефект. Колку повеќе жените имаат секс, толку им е подобро либидото.

Доверба

Чувствата на доверба и поврзаност се резултат на хормонот окситоцин. Овој хормон е одговорен за воспоставувањето блискост и добра комуникација меѓу мажот и жената. Излачувањето на окситоцин може да се засили со допирање. Значи, колку повеќе се држите за рака, се гушкате и масирате, се повеќе ќе лачите окситоцин, а поврзаноста ќе станува подобра.

Најмоќните афродизијаци се во нас Afrod-v-2_0

Љубов

Третата хемикалија која го придвижува либидото и поврзувањето е допаминот. Ова е клучниот играч во центарот на мозокот кој е задолжен за задоволството. Токму ова место е одговорно за будењето и задржувањето на љубовта. Нивото на допамин во телото се зголемува секој пат кога човек ќе проба нешто ново. Тоа не мора да биде ништо спектакуларно, доволно ќе е и да се испробате во приготвување на некое ново јадење.

Сјајот на односот

Научниците можеби сфатиле како мозочните хемикалии влијаат на емоциите, но се далеку од создавање на магичен љубовен напиток. Ова е вака, едноставно затоа што луѓето се многу повеќе од хемиски соединенија. Човечките суштества размислуваат, имаат искуства, вредности, идеи и сеќавања. Ниту еден производ никогаш нема да може да ве натера да засакате некој кој навистина не ви се допаѓа. Меѓутоа, ако имате среќа и сте ја пронашле сродната душа, можете да го подобрите односот со овие природни афродизијаци.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Најмоќните афродизијаци се во нас Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот