Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Голот на Пандев вреди 500.000 евра!

Go down

Голот на Пандев вреди 500.000 евра! Empty Голот на Пандев вреди 500.000 евра!

Пишување by BuDaLoTo_DeTe_ Чет Јан 28 2010, 21:30

Тоа е сумата која Масимо Морати им ја вети на своите фудбалери на полувремето од дуелот со Милан

Евро-гол
на Горан Пандев кој на Интер му донесе голема победа, голем чекор кон
одбрана на титулата, но и премија од 500.000 евра за "нероазурите".
Голот на Пандев вреди 500.000 евра! Pandev_g1
Масимо Морати, првиот човек на клубот, на полувремето влегол во
соблекувалната. Интер водеше со 1:0, но имаше и проблем со арбитрите и
со "поцрвенетиот" Снајдер. Морати им ја ветил цифрата од 500.000 евра
за победата над Милано. Како што е познато, натпреварот заврши со
победа на Интер со 2:0 во фантастичен меч на кој блескаше нашата прва
фудбалска виолина.

Асистенција, дирек и гол со кој ја запечати судбината на
"црвено-црните" соседи. Според математиката, околу 30.000 евра премија
ќе добие секој од играчите на Интер за големата победа. Кога сме кај
Морати, тој како никогаш досега се радуваше при голот на Пандев во 65.
минута кога стана јасно дека Милан е на колена и дека Интер заврши
голема работа околу битката за скудетото.

Тимот од Милано го
доби Пандев пред неколку недели кога струмичанецот како слободен играч
замина на "Џузепе Меаца". Ја доби битката со Лацио и се пресели во
шампионот на Италија за годишна плата од 3.000.000 евра. Неговата
дневна заработувачка само од платата е околу 8.500 евра иако тука не се
сметаат настапите и победите. Според бројките, нашиот фудбалер е еден
од најевтините кои го носат дресот на Интер. Со настапите на последните
4 средби Пандев докажува дека вреди многу повеќе. Само колку за
споредба, Ето има годишна плата од 10,5 милиони евра.

Трансферот
на Пандев во Интер се покажува како полн погодок на клубот од "Џузепе
Меаца", кој тоа што го вложи во Пандев го извади уште на стартот од
неговата кариера во сино-црниот дрес. Кога на Интер му беше најтешко,
кога Мурињо остана без Ето, кога имаше многу повреди Пандев имаше голем
ефект и удел во играта, но и во резултатите на лидерот во Серија А. На
сите средби беше одличен. Беше во улогата на асистент и стрелец. За 4
средби даде 2 гола... Од натпревар во натпревар е се подобар и подобар
иако имаше долга пауза поради спорот со Лацио.

Интер утре му
гостува на Јувентус во Купот на Италија. Тоа е новиот предизвик за
Пандев иако нашиот најдобар фудбалер заслужи малку одмор и треба да
биде поштеден од Мурињо со оглед на тоа дека в недела следува
првенственото гостување кај Парма.
BuDaLoTo_DeTe_
BuDaLoTo_DeTe_
Најjакиот
Најjакиот

Male
Sagittarius

Расположение : Голот на Пандев вреди 500.000 евра! Daring
Треснал Глупости : 149
Поени : 446
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : kaj Megan Fox
Ден на регистрирање : 2009-06-19

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот