Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.forumotion.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

По iPod и iPhone, на светот му се случува iPad!

Go down

По iPod и iPhone, на светот му се случува iPad!

Пишување by GBL on Чет Јан 28 2010, 21:12

По долго време играње со шпекулации, Apple конечно ја откри својата нова креација. Како што беше најавено уште минатата недела, Apple на официјалната конференција во Сан Франциско го презентираше iPad - нов мултифункциски уред кој на прв поглед потсеќа на џиновски iPhone на "стероиди".



По бројните шпекулации околу официјалното име на новиот уред, се покажаа точни информациите кои укажуваа дека уредот ќе го носи името iPad. Според видео материјалот и фотографиите од официјалната презентација, станува збор за уред кој е обилно инспириран од дизајнот на iPhone, но со значително поголеми димензии (9.7 инчи во дијагонала) и сребрена позадина (наместо црна).

Според Стив Џобс, станува збор за мултифункциски уред, чии карактеристики му овозможуваат на корисникот вистинско уживање при прегледување на веб страниците. Исто како и кај iPhone, новиот iPad се управува преку дисплејот кој е осетлив на допир. Според Џобс, виртуелната тастатура на овој уред има речиси исти димензии со стандардната тастатура кај лаптопите, но функционира далеку подобро и полесно.

Од основните функции, iPad доаѓа со вграден календар, адресар, апликација за сателитска навигација, вградени мапи, плеер за музика, видео и iTunes Store. Но, исто како и кај iPhone, можностите за надградување и приспособување на овој уред се речиси неограничени, затоа што се очекува појавување на илјадници и илјадници апликации...



Според информациите, батеријата треба да е достапна за автономија од 10 часа, а срцето на уредот е гигахерцниот процесор A4 кој е базиран на технологијата од компанијата P.A. Semi, која Apple неодамна ја аквизираше. Уредот доаѓа со flash меморија од 16 до 64 GB, а тежи 680 само грама.

На iPad има и вграден 30-пински конектор за приклучување на docking станица, микрофон, звучник, поддршка за Bluetooth и WiFi 802.11n. Позитивна вест е и информацијата дека веќе постоечките апликации кои се користат за iPhone ќе работат без никаков проблем и на новиот iPad.

Цените во САД (втората цена се однесува на 3G моделот) се формулирани на следниов начин: 16GB - $499/629, 32GB - $599/729, 64GB - $699/829.


GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот