Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Пирова победа на Маса. Хамилтон среќно до шампионската титула во F1

Go down

Пирова победа на Маса. Хамилтон среќно до шампионската титула во F1 Empty Пирова победа на Маса. Хамилтон среќно до шампионската титула во F1

Пишување by najforumce Пон Ное 03 2008, 05:21

Пирова победа на Маса. Хамилтон среќно до шампионската титула во F1 Lewis_10

Луис Хамилтон е нов светски шампион во Формула 1. Неверојатен крај на 59 светско првенство во F1 донесе последната трка за големата награда на Бразил којa се возеше на патеката Интерлагос крај Сао Паоло, во која секунди го делеа домашниот миленик Фелипе Маса од титулата.

Неочекуваниот дожд на почeтокот од трката навести интересен расплет, но никој не можеше да претпостави дека ќе присуствуваме на завршница која како да беше филмски режирана. Токму финишот на трката и ќе биде анализиран дополнително наредните денови за да се одгатне што навистина се случи во последните свиоци од трката. Драмата на инаку мирната трка започна на 5 круга до крајот, кога водечките тимови влегојав о бокс да ги променат гумите поради дождот кој почна да врне тогаш. Во тие моменти возачот на Ферари Фелипе Маса беше прв, Алонсо втор, Раиконен трет, а водечкиот во генералниот пласман Хамилтон четврти. Нему му беше доволно и петто место за да ја осигура титулата. По излегувањето од боксот Хамилтон се најде токму на петтото место. Пред него беше Тимо Глок-Тојота, а зад него Себастијан Фетел чиј болид користи мотор од Ферари. На два круга до крајот Фетел го мина Хамилтон и во тие моменти Маса возеше кон титулата. Тој веќе ја мина целната линија, а во боксот на Ферари и на трибините започна невидено славје кога срцата на тифозите на црното коњче ги скрши официјалната информација дека Хамилтон минал како 5-ти на целта со што стана светски шампион. Тоа му го овозможи Глок кој во финишот беше минат од Фетел и Хамилтон. Насмевката на Маса се претвори во солзи, радоста на тимот и навивачите на Ферари во неверување. Спротивни емоции во таборот на Мекларен. Иако се чинеше дека историјата се повторува и дека Хамилтон втора година по ред ќе ја загуби титулата во последната трка, се случи чудо. Никогаш потажна не била церемионијата на прогласувањето на победниците на која шампањско со горчлив вкус пиеја Маса, Алонсо и Раиконен кој беше трет.

Иако загуби Маса беше голем на прес конференцијата. Не можејќи да ги сокрие солзите рече дека ова е многу емотивен ден за него. Скоро се направивме перфектно денеска, но не успеавме, рече Маса. Знам како да победувам, но знам како и да губам, рече Маса кој му ја честита титулата на Хамилтон. Јас ќе ја напуштам патеката со крената глава, додаде Маса.
najforumce
najforumce
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Пирова победа на Маса. Хамилтон среќно до шампионската титула во F1 Sneaky
Треснал Глупости : 440
Поени : 19
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 43
Се наоѓам : najforumce
Ден на регистрирање : 2008-03-12

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот