Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Зборување и возење - опасна комбинација

Go down

20100331

Пишување 

Зборување и возење - опасна комбинација




Дали ќе разговарате на мобилен додека управувате со автомобил или ќе возите пијани е исто што се однесува до безбедноста. Научниците од Универзитетот Јута открија дека возачите кои разговараат на мобилен телефон (макар и користеле hands-free) претставуваат ист безбедносен ризик како и оние кои возат под дејство на алкохол.



Психолозите Џејсон Ватсон и Дејвид Стајер спровеле истражување кое вклучило 200 волонтери чии возачки способности биле тестирани во симулатор за возење и кои решавале едноставни математички и мемориски тестови. Резултатите покажале дека на оние кои разговараат на мобилен телефон им е потребно 5 пати повеќе време за да закочат во итни случаи, а воедно се и помалку свесни за случувањата во сообраќајот.

Според Ватсон и Стајер, ова се должи на фактот дека повеќето луѓе не можат истовремено да прават две работи. Тоа важи и за 97,5 % од возачите “муабетџии“ во испитувањето на кои им било потребно 20% повеќе време за навремено да закочат. Воедно, способноста за изведување на математички операции им била намалена за 3%, а способноста за паметење им се намалила за 11 проценти. Деталните за ова истражување ќе бидат објавени наскоро во списанието Psychonomic Bulletin and Review.

Да постои и исклучок, односно 2,5 проценти од луѓето можат да спроведуваат “супер-таскинг“ (или, успешно да извршуваат повеќе активности истовремено), но веројатноста дека и вие сте дел од нив е многу мала, а и побезбедно е и за себе и за другите да не се обидувате да откриете дали сте дел од исклучокот.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот