Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Тинејџ-бунт против млекото

Go down

20100330

Пишување 

Тинејџ-бунт против млекото




Со намера да ги намалат килограмите, се поголем број на тинејџери го намалуваат внесот на млечни производи - еден од главните извори на калциум. Ова е пракса која може да биде погубна за здравјето.



Испитувањето спроведено во Велика Британија и Северна Ирска покажа дека голем број од тинејџерите имаат недостаток на калциум. Внесот на калциум е исклучително важен во тинејџерските години и е клучен за правилна изградба и растење на коските на телото.

До 18. година се оформува околу 90% од костурот на телото. Внесот на производи богати со калциум и неговото значење за нашето тело е едноставно за објаснување. Ако организмот има недостаток на калциум, тогаш коските нема да бидат доволно силни и ќе бидат склони на лесни повреди и болести.

Испитувањето во Британија го открива следниве резултати:

- Поголемиот број на тинејџери пијат по пола чаша млеко дневно;

- Една од десет тинејџерки не внесува речиси воопшто калциум во организмот;

- Со една чаша млеко се обезбедува една третина од дневните потреби за калциум на тинејџерите;

- Количината на калциум не е смалена во млекото со намалена масност, па затоа, слободно може да конзумирате млеко со помала масност од вообичаената.

Имајте на ум дека постојат и други важни извори на калциум во исхраната освен млекото и млечните производи, а тоа се брокулата, спанаќот, оревите, лешниците, бадемите, сусамот, сардините и тн...

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот