Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Нов одрон кај манастирот Св. Петка во Оровник

Go down

20100325

Пишување 

Нов одрон кај манастирот Св. Петка во Оровник




[b]Нов одронот од земја и камења се урнал вчера во непосредна близина на манастирот Св. Петка во охридското село Оровник.[/b[



Свлечиштето, покрај тоа што урна дел од патот кој води до манастирот, претставува и потенцијална опасност за црквата и за конаците.

Првиот одрон, на ова место се случи завчера, но беше во многу помала количина од сегашната. Жителите на Оровник стравуваат од нови одрони, бидејќи на повеќе места во близина на свлечишето, се појавиле нови пукнатини во земјата.



„Брдото над патот е целото распукано и во секој момент може да се сруши. Новото лизгање на земјиштето што се случи вчера, оштети и дел од ѕидот на манастирската порта“ велат жителите на Оровник.

Тие упатија апел до надлежните служби, за побрзо санирање на свлечиштето кое му се заканува на манастирот Св. Петка.
Од општина Дебрца, под чија надлежност е селото Оровник, велат дека вчера го посетиле местото на одронот и потврдуваат дека состојбата со свлечиштето е навистина алармантна.



„Причината за лизгањето на земјиштето е големата влага на земјата, поради обилните врнежи на снег и дожд. Ние како општина ќе ги преземеме сите можни мерки за да се санира свлечиштето со цел да го заштитиме манастирот. Меѓутоа од извршениот увид на лице место нашите служби констатираа дека во моментов не е можно да се преземат мерки за санација затоа што земјиштето кај одронот е многу влажно и може да биде потенцијална опасност за екипите кои ќе работат на негова санација. Значи приморани сме да почекаме неколку дена за земјиштето да исуши и за да ги превземеме сите градежни активности за санација“ вели Љупчо Којчиноски, градоначалник на општина Дебрца.

Манастирот Св. Петка е оддалечен околу 1,5 километри од селото Оровник. Жителите од сопствени средства и донации го уредувале овој манастир, за кој постои верување дека помага на жените кои немаат деца.


GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот