Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.forumotion.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Само затвор си е дома

Go down

Само затвор си е дома

Пишување by GBL on Сре Мар 24 2010, 21:16

Силвестер Џајлс е осуден на 15 годишна затворска казна бидејќи ги повреди одредбите на својата условна казна. Како? Од страв за својот живот се обидел да провали во - затвор.



Судијата го прати 25-годишниот Силвестер Џајлс во затвор на казна не помала од 15 години поради недозволено влегување на затворскиот имот и напад на службено лице.

Властите изјавија дека Силвестер во август минатата година е фатен како се прекачува по затворската ограда во обид да влезе во затворот. Натрапникот веднаш е хоспитализиран поради повреди при контактот со бодликавата жица, пишува NBC Miami.

Џајлс недела дена пред тоа е пуштен од затворот бидејќи во договор со обвинителството прифатил слобода во замена за информација за едно убиство. Сфаќајќи дека спогодбата надвор може да го чини живот, Силвестер фино ги замолил властите да го примат назад во затворот, но неговото барање било одбиено.

Плашејќи се од одмазда на фамилијата на жртвата, се обидел на сила да влезе во затвор, а желбата после краток престој во болница - конечно му е услишена. Фали уште да го стават во келија со човекот кого го „исцинкарил“... Smile

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот