Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Модна хистерија

Go down

20100324

Пишување 

Модна хистерија




Кога ќе се искомбинираат размазени луѓе, интернет и масовна хистерија, добиваш бизарности како оваа во Кина, каде ментално болен бездомник стана модна икона.



Просјакот Ченг Гуронг од Шангај неодамна беше фотографиран од блогер кој се бави со мода и кој фотографиите ги објави на интернет. Веднаш потоа Ченг стана модна икона на “trash“ изгледот. Почитувачите на неговиот “стил на облекување“ му отворија профил на Facebook и го прогласија за најдобро облечен скитник, пренесува China Daily.

Сега “аутфитот“ на Остриот Брат (тоа е прекарот кој обожавателите му го дадоа поради неговиот “остар“ изглед) го копираат бројни модно освестени Кинези, а добива позитивни оценки и од модните критичари ширум светот.


Но, од целава бизарност се изроди и нешто добро. 34 годишниот Ченг кој е психички болен, благодарение на целата галама која се дигна околу неговиот “стил на облекување“ беше препознаен од својата фамилија со која изгубил контакт во 2003. година, па сега живеат заедно.

Инаку, ова не е првпат бездомник да биде модна инспирација. Во 2007. година во Америка се појави модна линија со име “The Crazy Roberson“, инспирирана од Џон Џермин, скитник од Лос Анџелес болен од шизофренија.

Ние нема да коментираме ништо, туку само неколку моменти молкум и со ширум отворени очи ќе гледаме во мониторите.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот