Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Ја нема мојата Ксенија, мојот живот е згаснат!

Go down

20100319

Пишување 

Ја нема мојата Ксенија, мојот живот е згаснат!




Ја нема повеќе мојата Ксенија... Мојот живот е згаснат – одвај со тивок тон изговара Љубица, мајката на Ксенија Пајчин. Убава црна жена во црно одвај стои пред вратата од станот на нејзината мајка Мара на последниот кат во една зграда во Земун. Очите и се безживотни, згаснати. А солзите и понатаму течат. Екипата на Блиц и изразува сочувство.



Ќе ја погребаме во сабота во 14 часот на Новите гробишта – вели мајката која полека се повлекува во станот.

Внатре се роднините и пријателите. Седат во тишина. Се слушаат само длабоки издишувата и тивко плачење. Повремено некој ќе ја подигне главата и ќе се запраша: “Зошто?” Нема одговор. Само плач и безнадежност. Тука е и вујкото на Ксенија, Матија. Дошол од Америка за последен пат да се опрости од неговата слатка внукичка. Бабата Мара е одвај жива. И онака е срцев болесник, неодамна имала операција. Вчера доаѓала Брза помош, но за мајчиното и бабиното срце нема лек.

“Зошто?”, се запрашува и сосетката под нивниот спрат . Таа на баба Марина е другарка. Кобната вечер била кај неа и отишла малку порано пред да се слушне трагичната вест кога јавиле дека Ксенија е убиена. Крикот од станот на бабата Мара ги вознемирил комшиите на истиот спрат.



“Ксенија често пати доаѓала кај својата баба. Таа ја пораснала. Срце мое, беше многу добра девојка, убаво воспитана и секогаш весела. Никој не може да поверува дека повеќе ја нема. Зошто ја уби, зоштоо”, потресено говори пријателката на бабата на Ксенија.

Горан Стојичевиќ Карамела, најдобриот пријател на Ксенија, скоро цело време е во станот. Со нив е и кумата Невена од Ужице како и танчерот на групата на Ксенија. Сите најблиски и членови на потесното семејство се таму. Нивната тага и агонија е бескрајна.

Во вторник околу 16:30 Филип Каписода ја застрела Ксенија Пајчин и со еден куршум ја убил љубената. Според сознанијата на Блиц, обдукцијата која била извршена во Воената Медицинска Академија, утврдила дека на телото, освен раните од огнено оружје, нема други повреди, што укажува на тоа дека на расправијата не и претходела тепачка. Исто така било заклучено дека Ксенија во моментот на убиството не била трудна, но дали пред тоа била во блажена состојба и дека абортирала, за сега не е познато.

На ВМА ќе биде направена и токсиколошка анализа, а резултатите ќе бидат објавени за две недели. Анализите од аутопсијата и токсиколошката анализа ќе бидат проследени од истражниот судија Душан Миленковиќ, кој исто така извршил увид во станот на Никшичка 6, каде што се пронајдени телата.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот