Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Челзи го конструира планот: Први желби Торес и Рибери

Go down

20100319

Пишување 

Челзи го конструира планот: Први желби Торес и Рибери Empty Челзи го конструира планот: Први желби Торес и Рибери




Елиминацијата во осмина финалето од Лигата на Шампионите од Интер тешко им падна на управата, фудбалерите и навивачите на Челзи.

Челзи го конструира планот: Први желби Торес и Рибери Img52904521

Поразот од 1:0 на Стемфорд Бриџ укажа на слабоста во тимот на Карло Анчелоти и со право се очекува неочекувано сериозно реновирање на тимот.

Според информациите со кои располага британскиот весник „Гардија“, сопственикот на Челзи, Роман Абрамовиќ побарал значително засилување на играчкиот кадар во средниот ред и во нападот, а први „пикови“ ќе бидат голгетерот на Ливерпул Фернандо Торес и играчот на минхенски Баерн, Франк Рибери.

Во полза на Челзи оди и актулената состојба на Енфилд, односно се подлабокиот јаз меѓу менаџерот Рафа Бенитез и одделни играчи, предизвикан од лошите резултати.

Со оглед на можноста Ливерпул на крајот од сезоната да не го освои четвртото место во Премиер лигата, кое води во Лигата на Шампионите, најдобрите играчи на "црвените" како Фернандо Торес и Стивен Џерард, би можеле да побараат да заминат и тука би настапил Челзи.

За Рибери се знае дека оваа најверојатно му е последна сезона во Баерн, а иако е близу до преселба во Реал, не е невозможно да заврши и на Стемфрод Бриџ.

Покрај овие двајца врвни играчи, на списокот на Челзи се и Кун Агуеро од Атлетико Мадрид, како и крилото на Бенфика, Анхел ди Мариа.

Абрамовиќ присуствувал на вчерашниот тренинг и разговарал со Анчелоти околу идните трансфери. Се говори дека први „исписница“ од клубот ќе добијат Деко, Рикардо Карваљо, Пауло Фереира, Саломон Калу и Жулијано Белети.

Сеуште не се знае дали ќе бидат продолжени договорите со Џо Кол и Михаел Балак, а и Николас Анелка е сеуште под знак прашање, иако неговиот договор истекува во 2011-та година.
avatar
GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Челзи го конструира планот: Први желби Торес и Рибери Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот