Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Ксенија бегала, а Филип ја застрелал во ходникот!

Go down

20100317

Пишување 

Ксенија бегала, а Филип ја застрелал во ходникот! Empty Ксенија бегала, а Филип ја застрелал во ходникот!




Познатата српска турбо-фолк пејачка, 32 годишната Ксенија Пајчин, и нејзиното момче, 22 годишниот манекен Филип Каписода, биле пронајдени мртви во станот на улица Никшичка во Белград околу 19 часот. Тие биле пронајдени со прострелни рани од огнено оружје.

Ксенија бегала, а Филип ја застрелал во ходникот! Img3829345

Зошто моето дете? Зошто баш на неа тоа и се случило? – рекла мајката на убиената пејачка по дознавањето на трагичната вест.

Агенцијата Тангуј јавува дека најверојатно станува збор за убиство и самоубиство, повикувајќи се на извори од тамошното МВР. Б92 дознава дека Каписода најпрвин ја убил Ксенија, а потоа се самоубил. Тоа го говори и податокот дека пиштолот бил пронајден покрај неговото мртво тело. Манекенот имал прострелна рана на слепоочницата, што укажува на самоубиство. РТС пак јавува дека Каписода си пукал во уста. Блиц пишува дека Пајчин има влезна и излезна рана на главата, додека Каписода има само излезна рана на темето, факт што говори дека има шанси да си пукал во уста. Вечерни Новости вели дека устата на Каписода била преполна со крв.

Ксенија бегала, а Филип ја застрелал во ходникот! Ksenija-filip-kapisodaaa

Љубомората како мотив?

Според првичните информации, мотивот за убиство и самоубиство е љубомора. Прес собрале изјави на неколку нивни заеднички пријатели, кои го потврдиле истото – владеење на љубомора.

Извор близок на истрагата изјавил дека расправијата која очигледно довела до оваа трагедија започнала уште во недела, веднаш по снимањето на емисијата “Ништо за криење” која се емитува на ТВ Пинк. Станува збор за емисија во која познатите особи го проведуваат времето со обожавателите.

“По снимањето на емисијата Филип полудел од љубомора. Отишол во станот кај Ксенија и ја скршил вратата. Започнале тепачка, а соседите повикале полиција. Кратко по доаѓањето на полицијата која морала физички да ги раздвои, тие двајца нагласиле дека соседите немаат право да се мешаат и дека заедничките проблеми ќе ги решаваат сами”, навел изворот.

Најдобрите пријатели на Ксенија истакнале дека со неа се допишувале неколку часа пред да се случи немилиот настан: “Ништо не укажувало на тоа дека ќе се случи трагедија. Знаевме дека Ксенија сака да ја прекине врската со Каписода. Но, и покрај тоа, таа премногу го сакаше и разделбата и била тешка”, нагласиле пријателите на Ксенија.

Се појавиле и спекулации дека Ксенија била трудна, односно дека можеби тоа е причина за убиството. Спекучациите за наводната трудност веќе некое време се појавувале во српските таблоиди, но таа оваа информација на негирала. Тие факти ќе се докажат преку обдукцијата.

Телата ги пронашла нивната мајка

Телата во станот кој се наоѓал на вториот спрат од зградата во Вождовац ги пронашла мајката на пејачката – Љубица Пајчин. Вечерни Новости дознава дека мајката на Ксенија влегла во станот во кој живеела заедно со нејзината ќерка и најпрвин приметила многу крв на подот, а потоа ја дочекала страшна слика. Телото на Ксенија било во ходникот, а Филиповото во соба. Се претпоставува дека пејачката сакала да побегне од лутиот и вооружен партнер.

Според незлужбени информации на дневниот весник Блиц, полицијата во истиот стан пред два дена имала интервенција поради пријава на насилство, но тогаш никој не бил повреден ниту приведен. Пајчин и Каписода во последно време многу се карале. Местото на убиството било блокирано од самиот врв на белградската крими полиција, а истрагата е во тек. Телата биле пренесени во Инситутот за судска медицина.

Директорот на полицијата Милорад Велјовиќ за РТС рекол дека околу 19 часот било пријавено дека Пајчин и Каписода биле пронајдени мртви во стан. Соседите, според неговите зборови, околу 16:30 слушнале два истрела.

Каписода бил љубоморен и посесивен

По дознавањето на веста за нивната смрт, на местото веднаш пристигнале нивните најблиски пријатели меѓу кои биле пејачката Гога Секулиќ и стилистот Бане Девиќ. Меѓу првите дошол и Горан Стојичевиќ Карамела, кој видно бил премногу шокиран. “Не верувам дека ова се случило. Ден пред трагедијата се допишував со Ксенија. Било околу два часот по полноќ. Не знам што се случило. Пред неколку дена поради нивната расправија интервенирала полицијата. Сите знаевме дека Каписода е многу љубоморен. Неговата посесивност била честа причина на жестоки расправии”, изјавил Стојичевиќ.

Ксенија бегала, а Филип ја застрелал во ходникот! Ksenija_Pajcin-vnatresna-s-00

Ксенија Пачин била една од најсексипилните жени во Србија

Поп пејачката Ксенија Пајчин родена е на 3 декември 1977 година во Белград. Основно училиште завршила во “Филип Кљајиќ Фиќ“ на Баново Брдо, а средно училиште во Петтата економска школа во Раковица.

Кариерата ја започнала како танчерка во дискотека. Потоа станала членка на групата “The Duck“, која со хитот "Dačo, volim te", постигна огромна популарност меѓу помладата пубилка.

Ксенија потоа го сними и првиот од своите два албума-“Ксенија“, а беше и сопственичка на танчарска школа во Белград. Настапила на многу манифестации и натпревари, како и на добротворни концерти. Исто така, беше и асистент-водител во емисијата на Милован Илиќ Минимакс на телевизијата “Палма“.

Таа важеше за една од најсексапилните јавни личности во Србија и поради тоа многу често беше тема на разни естрадни гласини. Филип Каписода е роден 1987 година во Цетиње, се занимавал со ракомет исто како и неговиот брат Петар, за подоцна да се посвети на кариерата како манекен.

avatar
GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Ксенија бегала, а Филип ја застрелал во ходникот! Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: reddit
- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот