Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Зидан започнува Реално Шоу за откривање таленти

Go down

20100316

Пишување 

Зидан започнува Реално Шоу за откривање таленти




Реалните ТВ програми досега не еднаш помогнале при пронаоѓање на млади музички таленти, а сега двајца фудбалски ветерани во Шпанија се обидуваат да го постават истиот формат на глобално ниво за пронаоѓање на нова фудбалска ѕвезда.

Француската легенда - Зинедин Зидан и Енцо Франческоли од Уругвај денеска (понеделник) го претставија новото реално шоу, кое ќе го следи напредокот на 17 млади фудбалери од повеќе места во светот, кои се селектирани да бидат дел од шест-неделен тренинг камп во околината на Мадрид.

Учесниците на овој проект ќе работат со врвни тренери, спортски нутриционисти и психолози, а победникот ќе добие шанса во првиот тим на Реал Мадрид во натпреварите од пред-сезоната 2010-2011.

"Се надевам дека сите ќе уживаат во ова, дека ќе се појават многу талентирани фудбалери и дека ќе успееме да откриеме идни фудбалски ѕвезди" - истакна Зинедин Зидан на прес-конференција во Лас Розас, место на излезот од Мадрид каде ќе биде организиран кампот.

Регрутирањето на младите таленти за емисиите ќе се случува во 20 градови од различни земји, вклучувајќи ги Аргентина, Колумбија, Гана, Мексико, Парагвај, Перу, Шпанија и САД, а исто така, заинтересираните можат да се пријават и преку интернет. Најдобрите 50 кандидати ќе патуваат во Мадрид на 23. април, а потоа од нив ќе бидат избрани најдобри 17 кои ќе добијат можност да бидат дел од тренинг кампот.

"Ова е можност децата да разберат дека не е се до талентот и дека постојат уште милион други работи кои се потребни за да се биде професионален фудбалер" - истакна Франческоли, дополнувајќи дека шоуто ќе биде пренесувано на повеќе телевизии ширум светот, а ќе биде достапно да се гледа и на интернет, на www.crackstv.com.

vlado_sk
Студент
Студент

Male
Cancer

Треснал Глупости : 48
Поени : 169
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 29
Се наоѓам : skopje
Ден на регистрирање : 2010-01-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот