Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Двајца обвинети од групата што планирала убиство на карикатуристот Вилкс

Go down

20100316

Пишување 

Двајца обвинети од групата што планирала убиство на карикатуристот Вилкс




Две лица, уапсени минатата недела во Ирска во рамки на истрагата за планирање убиство на шведскиот карикатурист Ларс Вилкс, синоќа се обвинети, додека третиот уапсен, е пуштен на слобода.

Алжирецот Али Шараф Дамаш е обвинет за испраќање на заканувачки пораки, додека Либиецот Абдул-Салам Мансур Халил Ал-Џехани е обвинет за кршење на ирскиот закон за имиграција, бидејќи на полицијата и дал лажни документи.

Двајцата биле во групата од седум уапсени на 9. март, под сомнение дека планирале убиство на шведскиот карикатурист Вилкс поради цртање на карикатура на која пророкот Мухамед е прикажан како пес.

Останатите од групата постепено се пуштани уште минатата недела, а последниот од нив, Хрват, беше ослободен синоќа.

Според ирскиот закон, осомничените во притвор можат да се држат само една недела без да биде подигнато обвинение, а рокот истекува денеска.

Ларс Вилкс во 2007. година во еден шведски весник објави карикатура на исламскиот пророк Мухамед со кучешко тело, поради што Ал Каеда за неговата глава распиша награда од 100.000 долари.

vlado_sk
Студент
Студент

Male
Cancer

Треснал Глупости : 48
Поени : 169
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 29
Се наоѓам : skopje
Ден на регистрирање : 2010-01-25

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Share this post on: diggdeliciousredditstumbleuponslashdotyahoogooglelive

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот