Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Скок на прометот на берзата за 77 проценти

Go down

Скок на прометот на берзата за 77 проценти

Пишување by GBL on Сре Мар 10 2010, 17:29

Прометот на македонската берза за хартии од вредност на денешното тргување изнесуваше 17.948.267,52 денари, што претставува зголемување од околу 77% во однос на прометот од претходниот ден.



МБИ10 повторно започна со серија на негативни промени, остварувајќи намалување од 0,39% при вредност од 2.830,41 индексни поени. МБИД забележа благо зголемување од 0,26%, а неговата вредност изнесуваше 3.168,01 индексни поени. ОМБ оствари дневен пад од 0,64% позиционирајќи се на 111,46 индексни поени.

Најтргувана од официјалниот пазар беше Алкалоид Скопје со промет од 2.008.110,00 денари. При просечна цена од 4.827,19 денари беше остварено скромно зголемување од 0,13%. Цената на оваа акција се движеше во рамките на 4.818,00 денари како минимум и 4.831,00 како максимум. Истргувани беа 416 акции кои се реализираа преку 18 трансакции.

На втора позиција според ликвидност од официјалниот пазар се пласираше Македонијатурист Скопје со промет од 1.770.510,00 денари. Просечната цена од 3.106,16 денари резултираше со скок од 2,51% на дневна основа. Минималната постигната цена изнесуваше 3.100,00 денари, а максималната 3.250,00 денари.Истргувани беа вкупно 570 акции кои се реализираа преку 6 трансакции.

Следуваше државната обврзница за денационализација од шестата емисија со промет од 1.643.822,30 денари. Просечната цена изнесуваше 87,00% што значеше пораст од 1,16%. Истргувани беа 30.653 обврзници кои се реализираа преку 3 трансакции.

Првите две најтргувани акции од редовниот пазар всушност беа најликвидни на целиот пазар. Убедливо најтргувана беше Прилепска Пиварница Прилеп со промет од 3.563.100,00 денари. Просечната цена изнесуваше 10.700,00 денари што предизвика пораст од 2,88%. Истргувани беа вкупно 333 акции кои се реализираа преку две трансакции, а преку една од нив беа реализирани дури 330 акции.

На втора позиција беше Македонски Телеком Скопје со промет од 3.563.100,00 денари. Просечната цена изнесуваше 509,33 денари, што предизвика пораст од 1,92% на дневна основа. Минималната цена изнесуваше 500,00 денари, а максималната 515,00 денари. Истргувани беа 5.305 акции кои се реализираа преку 27 трансакции.

Пет најтргувани хартии од вредност

1. Прилепска Пиварница Прилеп
2. Македонски Телеком Скопје
3. Алкалоид Скопје
4. Македонијатурист Скопје
5. Р.Македонија – Денационализација 06

Хартии од вредност со најголем раст

1. Тетекс Тетово 17,97%
2. Прилепска Пиварница Прилеп 2,88%
3. Македонијатурист Скопје 2,51%
4. Македонски Телеком Скопје 1,92%
5. Стопанска Банка Скопје – Приоритетни 1,57%



Хартии од вредност со најголем пад

1. Стопанска Банка Скопје 2,45%
2. Р.Македонија – Денационализација 08 2,30%
3. Бетон Скопје 2,25%
4. ЗК Пелагонија Битола 1,82%
5. Макпетрол Скопје 1,62%

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот