Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h

Go down

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Empty Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h

Пишување by GBL on Вто Мар 02 2010, 17:05

Луксузната дивизија на Toyota, на саемот во Женева ќе го претстави новиот модел со кој најавува влез во C-сегментот, попознат меѓу народот како Golf класа.

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Img49131016

Како што е по обичај, фотографиите и информациите пред голема премиера доаѓаат од секоја страна, така ни Lexus не беше имун на овој феномен. Новиот CT 200h се темели на концептот LF-Ch кој Lexus го претстави на ланскиот саем во Франкфурт. Очигледно е дека агресивноста на тој концепт, ја нема во CT 200h. Но место агресивноста, CT 200h изгледа поатрактивно, со преден дел кој потсеќа многу на моделот IS и сличност со Auris гледано од профил.


Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h

Новиот CT 200h е долг 4.320 мм, широк 1.765 мм и висок 1.430 мм. Задните светла се направени со LED технологија, а дискретниот спојлер и 17 инчните фелни му даваат спортска душа на најмалиот Lexus.

Новиот хибрид е подвижен од 1,8 - литарскиот VVT бензинец и магнетен синхронизиран електромотор. Техничките детали ни перформансите сеуште не се познати но нагласено е дека моторот е помоќен во споредба со дволитрен бензинец, а притоа троши помалку гориво.

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(2)

Електромоторот се “храни“ со енергија од Ni-Mh батерии, а силата се пренесува на предните тркала со помош на автоматски менувач (E-CVT). Овој електромотор му овозможува на автомобилот да помине до 2 км, со брзина од 45 км/ч, а потоа му помага на бензинскиот мотор.

Трендот на влегување на луксузните автомобилски брендови во помалите класи продолжува. Женева ќе ни го открие асот на Lexus на тоа поле.

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(3)

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(4)

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(5)

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(6)

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(7)

Cool.jpg" alt="" />

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(9)

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(10)

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(11)

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(12)

Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Lexus-CT_200h-(13)

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Премиум хибрид од компактната класа - Lexus CT 200h Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 36
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот