Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Како да изградите сексуална самодоверба

Go down

Како да изградите сексуална самодоверба

Пишување by GBL on Пон Мар 01 2010, 17:54

Клучот за сексуалната самодоверба се крие во љубовта кон себе и вистинското верување дека заслужувате задоволство. Секоја жена може да научи да се доживува себеси како секс бомба - потребно е само промена на ставот кон самата себе.



Иако некои жени сметаат дека не се доволно убави и згодни за да бидат секси, за сексапилот е доволен ставот без разлика на изгледот. Сексуалната самодоверба е вежба. Гледајте на тоа како одење во теретана - ако сакате да ги намалите килограмите мора да вежбате, а за тоа е потребно време и дисциплина, бидејќи не се постигнува преку ноќ.

Мастурбирајте

Како инаку да ја пробудите божицата во себе? Според советите на стручните лица, жените пред се би требало да научат да уживаат во мастурбацијата. Самозадоволувањето ќе ви помогне да го запознаете своето тело и да сватите како функционира. На тој начин ќе бидете вешта во креветот со партнерот и ќе знаете како да се задоволите. Овој сигнал е многу важен за градење на сексуално образование.

Облекувајте се секси

Ќе си помогнете доколку секојдневно носите секси облека, не само за одредени потреби. Но, носете ја за себе, а не за мажот кој сакате да го заведите. Точно се знае кога жената го прави тоа за себе, а кога за да привлече некој. Кога го прави тоа за себе, значи дека има сексуална самодоверба.

Секси долната облека е императив

Долната облека не се гледа и само вие знаете што носите. Запомнете дека вие сте најважни и дека се доаѓа од вас. Затоа купете си долна облека и носете ја под спортската облека. Едно истражување покажало дека жените кои постојано носат секси долна облека имаат поголема самодоверба бидејќи размислуваат за тоа колку се секси и посакувани. Покрај тоа и на другите ќе им биде привлечно кога ќе видат дека под маицата ви се гледа чипката од градникот.

Отстранете ги негативните ставови

Ако како дете ве учеле дека сексот е прљав и погрешен, таквите пораки креирале негативни ставови кај вас. Ако сакате да го промените тоа, секојдневно повторувајте си дека сексот е нормална појава и дека е составен дел од животот. Ослободете се од негативните мисли и заменете ги со позитивни. Повторувајте си секојдневно, бидејќи мозокот реагира на повторувањето.

Заљубете се во сопственото тело

Немора да изгледате како супермодел за да го засакате сопственото тело. Време е да го прифатите сопственото тело. Делете си комплименти за секој дел од него. Хранете се здраво, нанесувајте креми - накратко грижете се за себеси. Тоа ќе ви помогне да изградите сексуална самодоверба.


GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот