Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Боинг го тестираше најголемиот товарен авион од својата флота

Go down

Боинг го тестираше најголемиот товарен авион од својата флота

Пишување by GBL on Вто Фед 09 2010, 16:54

Најголемиот товарен авион на компанијата Боинг, моделот 747-8 во понеделник изведе промотивен лет, полетувајќи од аеродромот Paine Field во американската сојузна држава Вашингтон.



Околу 5.000 луѓе вработени во компанијата, заинтересирани купувачи и други гости го следеа летот на "Боингот" на кој беше тестиран квалитетот на управување и перформансите на моторот.
"Товарниот монструм", како што го нарекуваат овој модел е долг 76,3 метри и е за 5,4 метри подолг од моделот 747-400 кој во моментов е во комерцијална употреба.
Според компанијата, поголемата должина ќе донесе и поголема заработувачка при транспортот.
Авионот чини околу 300 милиони долари, а е изграден уште во 2005 година.
Иако првично беше најавено дека ќе биде пуштен во употреба во 2009 година, поради набавката на делови и промената на дизајнот неговата промоција се случува токму сега,соопштија од Боинг.
Компанијата најавува и комерцијална верзија на моделот 747-8 кој ќе биде конкуренција на во моментов најголемиот патнички авион во светот на европската компанија Ер Бас, моделот А380.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот