Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Join the forum, it's quick and easy

Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Моратинос оптимист дека ќе се реши спорот со името

Go down

Моратинос оптимист дека ќе се реши спорот со името Empty Моратинос оптимист дека ќе се реши спорот со името

Пишување by GBL Сре Фед 03 2010, 16:18

Шпанското претседателство со ЕУ ќе настојува да биде постигнат напредок во однос на стартот на пристапните преговори со Македонија.

Моратинос оптимист дека ќе се реши спорот со името Get

Штом ќе биде решено прашањето за името, за што сме оптимисти, вели министерот за надворешни работи на Шпанија и претседавач со Советот на министри на ЕУ Мигел Анхел Моратинос во интервју за „Вечерње новости“.

Интеграцијата на целиот Западен Балкан во ЕУ е важна и итна, истакнува шефот на шпанската дипломатија, посочувајќи дека поттикнувањето на тој процес е една од целите на Мадрид.

„Ќе ги интензивираме преговорите за приклучување на Хрватска со цел што поскоро да се приведат кон крај, ќе ги продолжиме со соодветен ритам преговорите со Турција и ќе настојуваме во најголема можна мера да ги унапредиме преговорите со ПЈР Македонија, штом биде решено прашањето за името на таа држава во поглед на што сме оптимисти. Се разбира, посебно внимание ќе посветиме на земјите од регионот кои поднесоа кандидатури Албанија, Црна Гора и Србија вреднувајќи ги поединечно според заслугите, но со намера секоја да направи суштински напредок во текот на првата половина од годината и да не заостанува во однос на другите“, вели Моратинос.

Тој изразува уверување дека би било добро да се забрза тој процес на интеграции на регионот во смисла на заклучоците кои ги донесе Советот за општи работи на 7 и 8 декември минатата година.

„Предлогот што го иницира грчкиот премиер Јоргос Папандреу познат како „Агенда 2014“ за Западен Балкан несомнено е многу амбициозен, но по мое мислење неговото значење во политичка смисла е во тоа да не потсетува колку е важна балканската интеграција во ЕУ.

Јас би рекол дека дури е и итна. Затоа овој предлог претставува поттик за тоа сите да ги направиме потребните чекори за брзо напредување во овој процес. Пред се, како што претходно реков, за ниту една земја да не остане настрана“, вели шпанскиот министер за надворешни работи во врска со предлогот на Грција и Австрија процесот на евроинтеграција на земјите од Западен Балкан да биде остварен во 2014 година.

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение : Моратинос оптимист дека ќе се реши спорот со името Relaxed
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 40
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот

- Similar topics

 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот