Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

NTFS vs. FAT

Go down

NTFS vs. FAT

Пишување by Kosta on Пет Окт 19 2007, 17:34

Еве едно мало туториалче што е NTFS што е FAT Very Happy


За многу корисници на Windows XP, NTFS е очигледен избор на партиција. Таа е многу моќна и има поголема сигурност. Но ако ги разгледаме сите системски партиции ќе имаме поголема сигурност во нашиот избор. Во Windows XP се разликуваат три различни системски партиции: FAT16, скратено од File Allocation Table, FAT32 и NTFS скратено од NT File System:

FAT16

FAT16 системската партиција беше за првпат воведена заедно со MS-DOS во 1981 година. Таа била наменета за да ги чува податоците од floppy диск и во текот на овие години има измени кои овозможуваат да може да се чуваат податоци од hard дискови, па дури и податочни имиња подолги од оргиналната големина од 8.3 карактери, но сепак многу малку е именувана (употребувана). Големата предност на FAT16 е нејзината компитабилност на повеќе оперативни системи како што се Win 96/98/Me, OS/2, Linux и некои верзии од Unix. Најголемиот проблем на FAT16 е тоа што таа се состои од максимален број на кластери по партиција, при што како што дискот се зголемува и зголемува, големината на секој кластер станува се поголема. Како за пример во 2 GB партиција големината на секој кластер е 32 килобајти, што значи дека и најмалиот податок од партицијата ќе заземе простор од 32 KB.

FAT32

FAT32 системската партиција беше воведена во Windows 95 Service Pack 2 и претставува еден вид на дополнување на FAT16 системската партиција, но со разлика што овозможува многу поголем број на кластери по партиција.

Кога се користи FAT или FAT32?

Ако користиш повеќе од еден оперативен систем на твојот компјутер, "препорачливо" (ова веќе и не важи) е една од твоите партиции да биде FAT. Сите програми и податоци што би требало да имаат пристап и на двата оперативни системи, треба да се складираат во` FAT16 или FAT32 партицијата. Но внимавајте во тој случај немате сигурност врз податоците што се наоѓаат на FAT16 или FAT32 партицијата - секој со пристап на тој компјутер може да ги чита, изменува, па дури и да ги брише податоците сместени на тие партиции. Во многу случаи тоа е возможно и преку network Smile.


Последната промена е направена од на Саб Дек 01 2007, 06:08. Мислењето е променето 1 пати

_________________
Кај ми е сонцето бе !?
avatar
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение :
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Re: NTFS vs. FAT

Пишување by Vlado-Tornado on Пет Окт 19 2007, 20:47

Предностите на NTFS

NTFS податочниот систем, употребен првпат со првата верзија Windows NT, е тотално различен податочен систем од FAT. Овозможува поголема безбедност, компресирање на датотека по датотека, редови на чекање па дури и енкрипција. Тој е default податочен систем за новите инсталации на Windows XP, па ако правите надградба од претходна верзија на Windows, ќе биде потребно да го претворите податочниот систем во NTFS. Не грижете се. Ако веќе сте вршеле надградба во Windows XP и не сте извршиле претворање, тоа не е проблем. Во било кое време може да се изврши трансформација на FAT16 или FAT32 во NTFS. Само запомнете дека не можете лесно да се вратите назад во FAT или FAT32.

NTFS податочниот систем општо земено не е компатибилен со други оперативни системи инсталирани на истиот компјутер, ниту е видлив кога го подигнувате компјутерот од floppy диск. Поради ова, многу системски администратори, препорачуваа корисниците да чуваат макар мала партиција на почетокот на нивниот hard диск како FAT. Оваа партиција обезбедува место за чување на алатки за опоравување на системот во итни случаи или пак специјални драјвери кои се неопходни за реинсталација. Но напредните методи за опоравување вградени во Windows XP се повеќе од доволна замена за почетната FAT партиција.
avatar
Vlado-Tornado
Администратор
Администратор

Male
Cancer

Треснал Глупости : 297
Поени : 10
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 32
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот