Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.forumotion.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Женска желботека

Go down

Женска желботека

Пишување by GBL on Сре Јан 27 2010, 19:53

Колку и да се жалат мажите дека е невозможно да дознаат што нивните партнерки всушност сакаат, сепак женските потреби и не се толку комплицирани. Еве што жените очекуваат од своите партнери, според examiner.com



Верност

Овде е јасна работата и не се потребни премногу објаснувања - жените едноставно не сакаат да го делат својот партнер. И да, емоциналното изневерување исто така спаѓа во категоријата “неверство“.

Отвореност

Можеби понекогаш вашата отвореност ќе ја налути (никој не сака да слуша нешта кои не му се допаѓаат) но на долги стази отвореноста и тоа како ќе ви користи, затоа што ќе придонесе за помалку недоразбирања во врската.

Внимание

Ако сакате вашата партнерка да ужива, оспипувајте ја со внимание. Тоа може да го правите преку комплимент, пријатно изненадување, романтичен гест - жените умеат вистински да ги ценат и да се радуваат на таквите нешта.

Чувствителност

На мажите од мали им се повторува дека не треба премногу да ги покажуваат емоциите затоа што тоа ќе направи да изгледаат како слабаци. Но, не е ништо страшно (всушност е пожелно) ако чувствителноста се дозира во мерка која и нему и на неа им одговара.

Сигурност

Жените отсекогаш ги привлекувале мажи кои се “силни“, кои ќе ги заштитат, цврсто прегрнат и ќе им пружат чувство на сигурност.

Доверба

И народната мудрост и животната пракса велат: „Еднаш загубената доверба, тешко може да се врати“. Така и жената сака маж во кој ќе има доверба и кој нема да биде постојан извор на сомнеж.

Па драги мажи, сега кога знаете што сакаат жените, немате повеќе простор за опрaвдувања. А, дали имате воља и да им го пружите она што го очекуваат од вас, е друг муабет Smile

GBL
Администратор
Администратор

Male
Taurus

Расположение :
Треснал Глупости : 1263
Поени : 3547
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 35
Се наоѓам : KafeMuabeti.club
Ден на регистрирање : 2009-06-14

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот