Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.forumotion.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

За сите заљубени и за сите пијаници

Go down

За сите заљубени и за сите пијаници

Пишување by Kosta on Саб Фед 14 2009, 04:19



Тимот на Najforumce на сите заљубени им го честита католичкиот празник свети Валентин. Денот на Свети Валентин во нашиве краишта пристигна повеќе како мода, донесена од белиот свет, која убаво кореспондира со желбата да бидеме дел од „светската љубовна приказна“, изразена повеќе како карневалско доживување отколку како некоја верска припадност.

Неоспорно е дека овој празник е пренесен од католичката традиција, како некаков модерен импулс за забава или повеќе како мимикрија на западната култура. Во секој случај, славењето на Свети Валентин, празник на вљубените, е пријатно и симпатично влијание, колку и да е поттикнато од пазарната логика, маркетиншкото размислување или некој засега неоткриен мотив. Празнувањето на љубовта секогаш е оправдано! На некој начин симпатично е совпаѓањето на 14 Февруари со прославата на православниот Свети Трифун! И кога е веќе тука, меѓу нас, кога денот дише со цвеќиња, слатки и подароци наменети за вљубените, интригантни се легендите кои зборуваат за овој заштитник на љубовта.

Историјата на денот на свети Валентин и неговиот патрон, всушност, е обвиткана со многу мистерија, но сепак, во западниот свет токму поради овој празник февруари си го добива епитетот месец на романсата. Ова празнување на љубовта е содржано во две традиции и во христијанската, но и во старата римска традиција.

Значи, кој бил свети Валентин и како станал асоцијација за празнување на љубовта? Католичката црква познава барем тројца различни светци именувани како Валентин или Валентинус.

Една од легендите вели дека Валентин бил свештеник кој живеел во третиот век во Рим. Кога императорот Клаудиј Втори заклучил дека мажите-самци, всушност, се подобри војници од оние со сопруги и со семејства, забранил младите мажи, додека се' уште се потенцијални војници - да се женат. Валентин го сметал тоа за неправедно и тајно ги венчавал младите вљубени. Кога акциите на Валентин биле откриени, Клаудиј наредил да биде погубен со мачење.

Друга приказна сугерира дека Валентин можеби бил убиен додека се обидувал да им помогне на христијаните што бегале од римските затвори, каде што биле мачени.

Според уште една легенда, славењето на љубовта, всушност, е посвета на љубовта на самиот Валентин, кој се вљубил во ќерката на својот темничар додека бил во затвор. Пред својата смрт, тој и' напишал писмо што го потпишал со „твојот Валентин“, што денеска останало како потпис во љубовните картички што се праќаат на 14 Февруари, како супституција за потписот „твојот љубен“!

Сите овие легенди во себе содржат романтична, херојска поента, која папата Геласиус ја канонизирал во 469 година, прогласувајќи го 14 Февруари за ден на свети Валентин, за кој се претпоставува дека е и ден на неговата смрт.

Всушност, со оваа канонизација се смета дека католичката црква направила обид да се христијанизираат паганските римски обичаи за славење на Луперкалија, всушност, славење на плодноста, што во стариот Рим се славела на 15 февруари. Овој празник бил посветен на Ликија, волчицата што ги одгледала основачите на Рим, Ромул и Рем. Така, всушност, е направен компромис во празнувањата, а народот и така сака само леб и игри!



Исто така, тимот на Najforumce на сите православни верници им го честита големиот празник Свети Трифун (заштитник на лозарите и виното). Свети Трифун е роден во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови...

Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера.

После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.


Извор: Утрински

_________________
Кај ми е сонцето бе !?
avatar
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение :
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот