Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Google Chrome

Go down

Google Chrome Empty Google Chrome

Пишување by Kosta on Сре Сеп 03 2008, 00:56

Едно овервју за Google Chrome пребарувачот

Инсталација:

Најпрво може да го спуштите на следнава страна:

http://www.google.com/chrome

Ја стартувате инсталацијата и откако ќе започни добивате нешто вакво:

Google Chrome Slika110

Корисниците на Виста може да го добијат следниов проблем:

Google Chrome Image_10

Причина за тоа е што не ја стартувале инсталацијата како администратори (run as an administrator). Откако ќе ја стартуваат како администратор се би требало да биде во ред:

Google Chrome Image_11

Google Chrome Image_12

Наредно што добивате е следниов прозорец:

Google Chrome Image_13

Со притискање на линкот Customize these settings ви овозможува да импортирате сетинзи од Firefox и Internet Explorer, да го поставите Google Chrome како основен (дифолтен) пребарувач и можност за каде да ви креира shourcuts:

Google Chrome Image_14

Ако firefox е уклучен не може да се импортираат сетинзите од него, па скокнете го овој чекор (Skip Import):

Google Chrome Image_15

Првото стартување на Google Chrome:

Google Chrome Image_16

И нормално прво што проверив е да видам како го рендерира Најфорумче Wink. Освен некоја, најверојатно CSS грешка во хедерот (која до вечер ќе ја попрам), се друго изгледа супер:

Google Chrome Slika210

Горниот дел од пребарувачот е ист како и на другите пребарувачи. Навигациски бар, bookmark, копче за назад (back)... и тн. На крај има мала drop down листа што ми го привлече вниманието. Да нагласам со притискање на Ctrl+Shift+N добивате некој скриен мод:

Google Chrome Slika310

Скриениот мод има некоја подолна икона на врвот и некој текст кој кажува што праи тој таен мод (на пример не зачувува vo history Very Happy и многу доста други ствари ) :

Google Chrome Image_18

Наредно што видов е како го рендерира кодот (source) од веб страницата преку developer менито. Обојувањето на синтаксата и броевите на редовите се добри. Притоа кодот се отвора во нов таб:

Google Chrome Slika410

Исто така постои опција од менито кое се јавува при десен клик и која се нарекува "Inspect Element". Го продуцира следново. ОДЛИЧНО !!!!:

Google Chrome Slika510

Settings

Неколку слики од тоа како изгледаат settings прозорците. Нема стотици опции, а се што ти треба го има (т.е. комплетен):

Google Chrome Image_19

Google Chrome Image_20

Google Chrome Image_21

History формата која се отвора во нов таб, изгледа фантастично:

Google Chrome Slika610

Acid 3 Test

Еве го Acid3 тестот за Chrome:

Google Chrome Image_22

Еве го Acid3 тестот за Firefox:

Google Chrome Image_24

Победник ? Chrome. :laugh:

Први Импресии

Google Chrome изгледа како комплетен пребарувач. Првобитниот download беше 475 KB. Морам да ја споменам карактеристиката што можам буквално да го носам табот кај што сакам дури и да го истам од просторот за табови и да се отвори во нов прозорец. Исто така посетив неколку страници и ги рендерира исто на сите.

На крај едно прашање, каде е Google Toolbar ? :laugh:

_________________
Кај ми е сонцето бе !?
Kosta
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение : Google Chrome Relaxed
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 32
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Google Chrome Empty Re: Google Chrome

Пишување by Vase on Саб Сеп 06 2008, 02:02

Го симнав и јас ама некако не ми прави многу кеиф. Прегледен е и убав за работа ама очекував да биде побрз. Сепак добар начин да се разбие монотонијата од FireFox :laugh:

_________________
I'm fat, but you're ugly. I can diet Smile
Vase
Vase
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Capricorn

Расположение : Google Chrome Amused
Треснал Глупости : 493
Поени : 3
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 32
Се наоѓам : vo mestopolozba
Ден на регистрирање : 2007-11-17

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Google Chrome Empty Re: Google Chrome

Пишување by Kosta on Саб Сеп 06 2008, 23:37

@Vase

Не би рекол така, сепак е бета верзија уште

Отвори 15 таба со Google Chrome и види колку рам зема (околу 25 - 30 МБ)

Отвори 15 таба со FireFox и види колку рам зема (околу 150 МБ)
:icon_cheesygri

Еве некои предности недостатоци со сум ги читал (немора да се заснова на ова, тоа се само мислења):

Chrome презеде 1% од пазарот

За нешто над 24 часа новото "чудо" на Google, интернет прелистувачот Chrome пенетрираше на пазарот на интернет прелистувачи со 1% и со тоа ја надмина Opera, која располага со 0.74% удел, изјавија аналитичарите на компанијата Net Applications, кои се обидуваат да ги следат перформансите на Chrome на пазарот на секој час. Од овие резултати можете само да си замислите колку моќен бренд е Google и како може да пласира било каков продукт кој искористувајќи го влијанието кај милионските корисници има огромни шанси за успех.

Google Chrome Chrome10

Новиот според многумина, "супер-брз" прелистувач за која карактеристика Mozilla фондацијата кратко се изјасни да ја почекаме следната верзија на Firefox па тогаш да споредуваме, во првите 24 часа освен феноменален настап на пазарот доби и многу негативни поени, нормално од оние кои малку поразлично ги гледаат работите и не веруваат дека се што доаѓа од Google мора да е добро и феноменално, иаку повеќето производи сé.

Мислењето на Стефан за Chrome одлично ја прикажува ситуацијата:
"Google покрај сета своја големина, професионалност и желба да се одели во посебен универзум и да купи се што има барем мала вредност или идеја и нормално што носи профит, исфрли на пазарот премногу неподготвен производ. Нормално Chrome e сеуште во бета фаза и веројатно за некое време ќе добиеме средена официјална верзија, но тоа е сосем друга приказна...

Ме изненади (па дури и вознемири) како луѓето толку брзо се "запалија" по овој нов прелистувач. 1% од пазарот за 24 часа, просто звучи неверојатно знаејќи дека повеќето луѓе по природа не сакаат промени и знаејќи колкава важност се придава на компјутерската безбедност деновиве. Семинари, предавања, книги, тренинзи, обуки и што уште не за како да се избегнат безбројните опасности кои се веќе наша секојдневна реалност. И сето тоа паѓа во вода кога големиот Google ќе ја искористи огромната доверба од своите корисници и ќе исфрли софтвер на кој за помалку од 10 часа ќе се објават првите експлоити и документирани багови. А сега пробајте склопете ја целата слика со сите оние дечки кои бараат дупки во новороденчетo на Google со цел пријатно да ги изненадат луѓето кои веруваат во големината на оваа компанија и од нив да си направат своја армија од виртуелни робови."

Дополнително на горенаведеното, навистина ми е зачудувачки фактот дека на развојот на овој веб прелистувач Google работеле повеќе од 2 години и како што се изјаснија на официјалната прес конференција, Chrome претставувал "огромна" инвестиција за компанијата. Две години!? А беше објавена само верзија за Windows полна со багови, додека верзиите за Linux и Mac беа само најавени, што значи корисниците на овие оперативни системи треба дотогаш само да ги слушаат коментарите за Chrome од Windows корисниците на кои дури и "семоќниот" Google мораше да им даде приоритет.

За крај, да не ја заборавам и (арогантната) изјава на Сергеј Брин за доминацијата на IE на пазарот со 80 и нешто проценти, демек тоа не било фер и убаво за корисниците... а кој тоа ја има доминацијата со над 70% на пазарот на интернет пребарувачи?

_________________
Кај ми е сонцето бе !?
Kosta
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение : Google Chrome Relaxed
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 32
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Google Chrome Empty Re: Google Chrome

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот