Вие се наоѓате на вистинската фреквенција на najforumce FM 105.5 мегапиксели, а јас сум Досаден Login Pop Up што пробува да ве натера да се регистрирате. Др.Џек Левин кој покрај магнетниот појас за колено го измисли и магнетниот форум www.najforumce.fairtopic.com Доколку се регистрирате на овој форум големи се шансите да го зголемите волуменот на косата,да го намалите вишакот килограми и да ви се зголеми интелегенцијата,онолку колку што ќе постирате дневно на форумот.
!!!

Кирил Џајковски @ Colosseum

Go down

Кирил Џајковски @ Colosseum

Пишување by Jimmy on Саб Јун 07 2008, 01:55




Во летниот клуб Colosseum продолжува лајнапот на светски познати Dj-и. Во сабота, на 7 јуни, со почеток во 24:00 закажан е настапот на Кирил Џајковски, заедно со своите специјални гости и резидент Dj-и.

Кирил е мyзичар и композитор чија музика опфаќа повеќе стилови. Автор е на филмска и театарска музика и често го нарекуваат Чајковски на 21 век. Кариерата ја започнува во раните осумдесетти во рамките на првата мекедонска електро-група Бастион во која исто така членува и режисерот Милчо Манчевски. Снима албуми заедно со „Леб и Сол“ и со нив настапува низ цела Европа.

Во почетокот на деведесеттите се сели во Австралија каде продолжува да креира музика комбинирајќи го македонскиот електро звук со модерниот електро звук. Како резултат на таа комбинација го создава неговиот прв албум “Synthetic Theatre“, кој станува доста популарен по независните радио станици низ Австралија. Следниот албум е “Homebound“, кој хрватскиот “Playboy“ го објавува како најдобар екс-ју албум на годината, најпознат по синглот “Primitive Science“ на кој се јавуваат ремикси од Bushwacka, Subsonic Legacs и Dreadzone.

Кирил е познат по своите живи настапи и неговиот Live Set на фестивалот Exit 2006 во Нови Сад, во Србија, според публиката е прогласен за најдобар настап на фествалот. Тој е автор, аранжер и продуцент на музиката за филмот “Прашина“ на Милчо Манчевски, потпа “Големата вода“ на Иво Трајков, за кој добива награда за најдобар албум на филмскиот фестивал во Valencia 2005, работи на филмот “Балканкан“ на Дарко Митревски, како и дел од музиката за филмот “Сенки“ исто така на Милчо Манчевски.

Ова лето Кирил ќе го презентира материјалот од неговипт најнов албум, каде во живо ќе настапат и најдобрите бендови на етно музиката во Македонија, заедно со специјалните гости од New York- GAEA, како и македонскиот плех оркестар Sercuk Orchestra. GAEA е всушност њујоршка електронска соработка помеѓу Дуке Бојаџиев и TK Wonder- МЦ пејачка од New York која ја започнала својата кариера као дел од вечерните евенти на познатата организација за промовирање на жената во филмот и музиката Black Lily Inc. Дуке Бојаџиев е композитор, продуцент и артист роден во Македонија, а кој жевее и работи во New York од 2001 година. Неговата широка палета на музички остварувања вклучува и работа на холивудски и европски филмови, како и соработка со познати имиња како Cindy Lauper, David Byrne и Blue Man Band.
avatar
Jimmy
Пензионер
Пензионер

Male
Scorpio

Треснал Глупости : 660
Поени : 0
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : у кабинет
Ден на регистрирање : 2007-05-19

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кирил Џајковски @ Colosseum

Пишување by borisd on Саб Јун 07 2008, 02:00

Скопје, Скопје, Скопје...
Све во Скопје се дешават Sad
Сакам да одам на журка од Кирил! Ама ке си го чекам Струга или Охрид или Битола ко ке е!
avatar
borisd
Banned

Male
Sagittarius

Расположение :
Треснал Глупости : 1887
Поени : 70
Репутација : 0
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : 41.18°N 20.68°E
Ден на регистрирање : 2007-05-17

Преглед на профилот на членот http://www.myspace.com/boris_d

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кирил Џајковски @ Colosseum

Пишување by jelena on Нед Јун 08 2008, 04:47

aaaaaaaaaaaaaaa i jas sakam da odam Sad

_________________


♥♥♥ Nami Yoshida loves Haruko Yamashina ♥♥♥
If i had to choose between breathing and loving you, i would use my last breath to say I LOVE YOU !!!

Be Yourself. Everyone else is already taken.
avatar
jelena
Пуфла
Пуфла

Female
Capricorn

Расположение :
Треснал Глупости : 1969
Поени : 192
Репутација : 5
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Into the Wild...
Ден на регистрирање : 2007-08-22

Преглед на профилот на членот

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кирил Џајковски @ Colosseum

Пишување by Kosta on Нед Јун 08 2008, 19:31

На Кирил Џајковски беше супер, добар настап имаше :thumbup1:, имаше и специјалните гости од New York- GAEA. а и еден македонски оркестар незнам кој беа :laugh:, лудило, само премногу гужва имаше не се дишеше, а и коњакот за нигде :laugh:

_________________
Кај ми е сонцето бе !?
avatar
Kosta
Најфорумче манијак
Најфорумче манијак

Male
Scorpio

Расположение :
Треснал Глупости : 2202
Поени : 159
Репутација : 3
Поминат рок на траење : 31
Се наоѓам : Струга
Ден на регистрирање : 2007-05-16

Преглед на профилот на членот http://www.najforumce.macedonianforum.net

Вратете се на почетокот Go down

Re: Кирил Џајковски @ Colosseum

Пишување by Sponsored content


Sponsored content


Вратете се на почетокот Go down

Вратете се на почетокот


 
Permissions in this forum:
Не можете да одговарате на темите во форумот